Германски лекар открива: Кои биле првите зборови на Ериксен 30 секунди откако го вратија во живот?

Кои биле првите зборови на данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен веднаш по реанимацијата, откако претходно тој колабираше на теренот поради срцев застој? Лекарот што го третираше на теренот даде изјава за тоа што се случувало.

Koi-bile-prvite-zborovi-na-Eriksen-po-reanimacijata-na-fudbalerot-kje-mu-bide-vgraden-pejsmejker-01.jpg

Во 42-та минута од натпреварот помеѓу Данска и Финска, 29-годишниот фудбалер ненадејно колабираше, a соиграчите со солзи во очите беа во исчекување додека медицинските лица се бореа за неговиот живот.

Германскиот лекар Јенс Клајнфилд во интервју за германски Bild вели дека на фудбалерот му била направена реанимација со електро-шок и неколку минути му била правена масажа на срцето.

„Околу 30 секунди подоцна играчот ги отвори очите и можев да разговарам со него директно. Тоа беше мошне емотивен миг затоа што во такви медицински случаи во секојдневниот живот шансите за успех се многу помали“ – вели тој.

Клајнфилд по ова раскажува дека по ова го прашал: „Дали си со нас?“, а Ериксен му одговорил:

„Да со вас сум. По ѓаволите имам само 29 години“.

„Во тој миг знаев дека мозокот не е оштетен и дека тој целосно се врати“ – вели Клајнфилд.

Koi-bile-prvite-zborovi-na-Eriksen-po-reanimacijata-na-fudbalerot-kje-mu-bide-vgraden-pejsmejker-02.jpg

Како што посочува лекарот, по ова данскиот репрезентативец во свесна состојба бил пренесен во болница. Тој посочи дека третманот со електро шок има мошне поголем успех кај професионалните спортисти отколку кај обичните пациенти што имале претходни заболувања.

„Бев 99 отсто сигурен на стадионот дека ќе стигне во болницата и ќе остане во стабилна состојба“ – вели лекарот.

Инаку денес со изјава излезе и тимскиот лекар на данската репрезентација Мартин Боесен кој потврди дека на Ериксен ќе му биде вграден пејсмејкер.

„Откако Кристијан беше на повеќе испитувања на срцето одлучено е да му се вгради пејсмејкер. Овој уред е неопходен по срцев удар поради нарушувањата во отчукувањата. Кристијан го прифати решението и планот за лекување е потврден од национални и интернационални специјалисти што го препорачуваат истиот третман“ – вели Боесен.

Koi-bile-prvite-zborovi-na-Eriksen-po-reanimacijata-na-fudbalerot-kje-mu-bide-vgraden-pejsmejker-03.jpg

Засега нема информации дали ова ќе значи крај за кариерата за младиот фудбалер, кој освен што игра за данската репрезентација исто така игра и за Интер.

Според информациите од истражувањата достапни преку Националната библиотека за медицина на САД, најчесто на спортистите што имаат вградено ваков уред не им се препорачува да продолжат да се занимаваат со интензивни спортови.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Се огласи изневерената девојка на норвешкиот олимпиец: „Тешко е да се прости и по изјавата за љубов ... „Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Н...
Обвинувања за украден дечко, јавни навреди - Како Серена Вилијамс и Марија Шарапова од ривалки стана... Пред само неколку дена руската тенисерка Марија Шарапова влезе во Куќата на слав...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...
Кристијано Роналдо за смртта на Диого Жота: „Бев со Џорџина кога дознав, плачев многу, но не се каам... Португалскиот фудбалер Диого Жота (28) и неговиот брат Андре (26) загинаа во соо...
Поради синот со аутизам одбил неколку клуба, се бори за светска титула - Шпанскиот фудбалер Марк Кук... „Не беше среќен ни во градинка, често беше вознемирен, не се прилагодуваше. Ќе п...

Најчитани неделава