Каратистите на Макпетрол со девет финалиња на младинското државно првенство во карате

Скопје, 21.06.2021 - Изминатиов викенд во Скопје од 19 до 20 јуни, 2021 година (сабота и недела), се одржа државното првенство во карате за кадети, јуниори и постари јуниори (У21). На првенството имаше пријавено каратисти од цела Македонија. Тие се натпреваруваа во дисциплините, кумите (борба) и кати во поединечна и екипна конкуренција.

karatistite-na-makpetrol-so-devet-finalinja-na-mladinskoto-drzhavno-prvenstvo-vo-karate-01.jpg

Младите каратисти на Макпетрол, на ова првенство покажаа дека се навистина извонредно подготвени, показател за нивната успешност е фактот што од вкупно 10 пријавени категории за настап, макпетролците имаа 9 финалиња. Тие успеаја да освојат вкупно 10 медали од кои: 4 златни и 5 сребрени и еден бронзен медал.

Тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски изјави:

„Задоволни сме од настапот на нашите млади каратисти, постигнатиот резултат на ова државно првенство можеше да биде и многу подобар. Имавме неколку непосакувани ситуации во финалните натпревари, кога нашите каратисти не се снајдоа најдобро и затоа бројот на златни медали е помал. Ова државно првенство имаше критериумски карактер за влез на најдобрите каратисти во националниот тим на Р. С. Македонија и затоа каратистите пред и за време на целиот натпревар имаа голем притисок. За нас како клуб најважно е дека докажаните репрезентативци Абдурахим Идризи, Стефан Стојановиќ, и Марија Петрова ја заверија визата за учество на европското првенство во Тампере, Финска.

Сега само останува да жалиме за европскиот медалист Глигор Петков -84 кг, кој не се пласира на европското првенство, поради еден удар кој го изведе на противникот во пределот на глава, за кој што удар беше дисфалификуван. Тој беше оценет со најстрога казна за тој удар од страна на судискиот панел. И покрај вложената жалба од наша страна, судиите останаа при својата одлука за дисфалификација на квалитетен натпреварувач за работа во која немаше никаква намера и за повредата многу допринесе и конкурентниот спортист од екипата на Штип, кој не внимаваше и се изложи на непотребен ризик. Исто така, поради недосудени поени во финалните натпревари не се пласираа и Викторија Јовановска – 61 кг (У21), која на ова натпреварување покажа дека е во моментов најдобро подготвена млада каратистка и младиот јуниор Витомир Трајковски на кого исто не му беше досуден правилно изведен удар кој ќе го носеше на европското првенство. Сега само останува да жалиме поради сето тоа, бидејќи тие се по квалитет и техничка дотераност натпреварувачи кои можеа да и донесат медал на Македонија од европското првенство кое ќе се одржи во Финска, во месец Август“
.

karatistite-na-makpetrol-so-devet-finalinja-na-mladinskoto-drzhavno-prvenstvo-vo-karate-02.jpg

Медалисти од Карате клубот Макпетрол на ова државно првенство се:

ДРЖАВНИ ШАМПИОНИ –ЗЛАТНИ МЕДАЛИ

  1. Марија Петрова -50 кг (У21), златен медал
  2. Абдурахим Идризи -60 кг (У21), златен медал
  3. Стефан Стојановиќ +76 кг, јуниор златен медал
  4. Екипно борби – мажи (кадети и јуниори) златен медал, составен од: Стефан Стојановиќ, Димитар Лозановски, Данило Божовиќ, и Витомир Трајковски.

СРЕБРЕНИ МЕДАЛИ

  1. Глигор Петков постар јуниор (У21), -84 кг сребрен медал
  2. Витомир Трајковски јуниор сребрен медал
  3. Димитар Лозановски јуниор -63 кг, сребрен медал
  4. Викторија Јовановска -61 кг (У21) сребрен медал

БРОНЗЕН МЕДАЛ

  1. Даријан Тасевски (У21) + 84 кг бронзен медал

karatistite-na-makpetrol-so-devet-finalinja-na-mladinskoto-drzhavno-prvenstvo-vo-karate-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Олимписките медали се распаѓаат, бронзените чинат помалку од 2 кафиња во Скопје - Скандал во Италија Не помина ни една недела од почетокот на Зимските олимписки игри во Милано и Кор...
Французинот кој трча и менува јакни е вистински хит на Олимпијадата - Што знаеме за Беноа Ришо? Оваа зимска Олимпијада донесе многу интересни моменти, спортски подвизи кои ќе с...
Растура на Светско, го нарекуваат „викинг“: Кој е норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд, што стана хит м... Ерлинг Халанд веќе важи за најдобриот фудбалер од Норвешка, но благодарение на С...
ЕМОФ Скопје 2025 свечено затворен: Европа обединета преку спортот, солидарноста и пријателството На ден како 26 јули – кога пред 62 години сите европски земји се обединија во по...
Данило Божовиќ од „Макпетрол“ е балкански карате-шампион Каратистот на клубот „Макпетрол“, Данило Божовиќ, освои златен медал на Балканск...
Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, пливачот Евгениј Поп Ацев спортист н... Сојузот на спортови на Скопје, денеска по повод ослободувањето на градот Скопје,...

Најчитани неделава