Стоечки овации, дрес од капитенот на Холандија – Горан Пандев го одигра својот последен натпревар, и тоа на Европско (фото)
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Менаџер 20-09-2021


Стоечки овации, дрес од капитенот на Холандија – Горан Пандев го одигра својот последен натпревар, и тоа на Европско (фото)

Горан Пандев ја заврши импресивната фудбалска кариера со натпревар на Европско, а вели дека не можел да замисли подобар миг за неговото пензинирање од македонската репрезентација. Атмосферата на напреварот, пак, нè натера да заборавиме на поразот и да бидеме горди на нашата репрезентација.

stoechki-ovacii-dres-od-kapitenot-na-holandija-goran-pandev-go-odigra-svojot-posleden-natprevar-i-toa-na-evropsko-foto-01.jpg

Третиот натпревар на Македонија на Европско годинава ќе остане запомнет и како последен за фудбалската легенда Горан Пандев како дел од националниот тим.

stoechki-ovacii-dres-od-kapitenot-na-holandija-goran-pandev-go-odigra-svojot-posleden-natprevar-i-toa-na-evropsko-foto-05.jpgФото: ФФМ

На вчерашната прес-конференција во Амстердам, Пандев најави дека натпреварот со Холандија ќе биде неговиот последен со македонскиот тим:

„Ова е мој последен натпревар во дресот на Македонија. Оваа генерација го направи најголемиот успех во историјата на фудбалот во Македонија и сметам дека е вистински момент да се збогувам со националниот дрес. Им посакувам на овие момци уште многу успеси во иднина и сигурен сум, познавајќи ги нивните квалитети, дека уште многупати во иднина сите ќе нè радуваат“, гласи изјавата на Пандев која беше пренесена на официјалниот веб-сајт на ФФМ.

stoechki-ovacii-dres-od-kapitenot-na-holandija-goran-pandev-go-odigra-svojot-posleden-natprevar-i-toa-na-evropsko-foto-09.jpgФото: ФФМ

Фудбалерот додаде и дека е пресреќен што се повлекува на овој начин:

„Можам да кажам дека подобро збогување од дресот на Македонија на Европско првенство и не можев да посакам. Има емоции, но знам како да се носам со нив“.

stoechki-ovacii-dres-od-kapitenot-na-holandija-goran-pandev-go-odigra-svojot-posleden-natprevar-i-toa-na-evropsko-foto-07.jpgФото: ФФМ

Непосредно пред почетокот на денешниот натпревар со Холандија, и холандскиот тим ја покажа неизмерната почит кон македонскиот крал на фудбалот. Капитенот на холандскиот тим му подари дрес со број 122 кој симболично го означува бројот на одиграни натпревари во неговата кариера. Односно, натпреварот со Холандија беше 122-иот натпревар за Горан Пандев.

stoechki-ovacii-dres-od-kapitenot-na-holandija-goran-pandev-go-odigra-svojot-posleden-natprevar-i-toa-na-evropsko-foto-10.jpgФото: ESPN FC

stoechki-ovacii-dres-od-kapitenot-na-holandija-goran-pandev-go-odigra-svojot-posleden-natprevar-i-toa-na-evropsko-foto-04.jpgФото: ФФМ

Во 69-тата минута од денешниот натпревар Пандев беше заменет, а присутните го испратија среде утакмица со стоечки овации и шпалир. Македонските фудбалери застанаа околу фудбалската легенда и му честитаа за последниот натпревар со репрезентацијата со многу ракоплескање, прегратки и солзи.

stoechki-ovacii-dres-od-kapitenot-na-holandija-goran-pandev-go-odigra-svojot-posleden-natprevar-i-toa-na-evropsko-foto-03.jpgФото: ФФМ

stoechki-ovacii-dres-od-kapitenot-na-holandija-goran-pandev-go-odigra-svojot-posleden-natprevar-i-toa-na-evropsko-foto-11.jpgФото: Фејсбук

stoechki-ovacii-dres-od-kapitenot-na-holandija-goran-pandev-go-odigra-svojot-posleden-natprevar-i-toa-na-evropsko-foto-12.jpgФото: Фејсбук

Ни Македонците не останаа рамнодушни на овој емотивен момент, па социјалните мрежи се преплавени со честитки за фудбалерот.

Инаку, Горан Пандев е роден во 1983 година во Струмица и моментално е капитен на македонската репрезентација. Истовремено, тој е најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Македонија.

stoechki-ovacii-dres-od-kapitenot-na-holandija-goran-pandev-go-odigra-svojot-posleden-natprevar-i-toa-na-evropsko-foto-02.jpgФото: ФФМ

Кариерата ја започна во ФК Беласица од Струмица, а во 2001-ва, на само 18-годишна возраст, почна да игра за Интер. Извесен период фудбалерот играше и за Специја и Анкона, а во периодот 2004-2010 година играше и за Лацио. Пандев има играно и за Наполи, Галатасарај и Џенова, а своето деби во македонската репрезентација го направи во 2002 година. Како што напоменавме, со 26-те постигнати голови, тој е најдобриот стрелец во репрезентацијата на Македонија.

stoechki-ovacii-dres-od-kapitenot-na-holandija-goran-pandev-go-odigra-svojot-posleden-natprevar-i-toa-na-evropsko-foto-08.jpgФото: ФФМ

Сега, во 2021-ва година, 37-годишниот Пандев ја заврши импресивна фудбалска кариера со македонскиот тим, но Македонија ќе се гордее на неговите подвизи уште многу, многу години. Пандев дефинитивно е, но и ќе биде инспирација за сите идни генерации.

stoechki-ovacii-dres-od-kapitenot-na-holandija-goran-pandev-go-odigra-svojot-posleden-natprevar-i-toa-na-evropsko-foto-06.jpgФото: ФФМ

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Пораки и повици само за полувреме“ – дечко ѝ испратил листа со правила на девојката за време на Евр... Девојка од Англија добила писмо од нејзиното момче, со правила и услови за време...
Како изгледаат групите на Светското првенство по првото коло? И на ова Светско првенство не изостанаа изненадувањата. Првото коло ни пружи мно...
RED BULL AIR RACE / 2018 / OAE / ABU DHABI - Американецот Гулијан ја отвори сезоната со изненадувачк... Нова втора декада од авионските трки започна со стартот на светското првенство R...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg