Како изгледа Олимпиското село во Токио, со строги правила во време на пандемија? (фото)
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Менаџер 20-09-2021


Како изгледа Олимпиското село во Токио, со строги правила во време на пандемија? (фото)

Селото го сочнуваат 21 зграда со вкупно 3.600 соби, трпезаријата се протега на два ката, а надвор од селото има специјален хотел за изолација на спортистите кои ќе добијат позитивен тест за ковид.

trpezarija-na-dva-kata-poseben-hotel-za-izolacija-na-zarazeni-kako-izgleda-olimpiskoto-selo-vo-tokio-foto-01.jpg

Олимписките игри во Јапонија требаше да се одржат минатата година, но како многу нешта, пандемијата го промени и овој план. Бидејќи ситуацијата конечно покажува знаци на смирување, годинава ќе се одржат и Олимписките игри, а сега имаме можност да погледнеме и како ќе изгледа Олимпиското село.

trpezarija-na-dva-kata-poseben-hotel-za-izolacija-na-zarazeni-kako-izgleda-olimpiskoto-selo-vo-tokio-foto-08.jpg

Олимпиското село се наоѓа во Токио и има капацитет за 11.000 спортисти, кои ќе бидат сместени во 21 зграда.

Селото има огромна трпезарија, теретана, просторија за фотографирање, како и клиника за ковид тестови и изолација на спортистите кои ќе покажат некакви симптоми.

trpezarija-na-dva-kata-poseben-hotel-za-izolacija-na-zarazeni-kako-izgleda-olimpiskoto-selo-vo-tokio-foto-06.jpg

Селото, кое ќе биде отворено на 13-ти јули, има 3.600 соби и 18.000 кревети, а во продолжение можете да погледнете како изгледа:

Зградите во селото се високи од 14 до 18 ката и имаат вкупно 3.600 соби. Спортистите ќе почнат да доаѓаат 10-тина дена пред почетокот на Олимписките игри. Наводно, тие ќе пристигнуваат што е можно поблиску до датумот на нивниот натпревар, а ќе се заминуваат веднаш штом ќе завршат.

trpezarija-na-dva-kata-poseben-hotel-za-izolacija-na-zarazeni-kako-izgleda-olimpiskoto-selo-vo-tokio-foto-02.jpg

trpezarija-na-dva-kata-poseben-hotel-za-izolacija-na-zarazeni-kako-izgleda-olimpiskoto-selo-vo-tokio-foto-03.jpg

Во становите можат да се сместат 8 спортисти, но од безбедносни причини, нема да биде исполнет целиот капацитет. Креветите се направени од рециклирачки материјали, а во становите доминира минималистичкиот стил. Од организацијата на Игрите споделија дека по завршувањето на настанот, зградите ќе бидат продадени, а не напуштени.

trpezarija-na-dva-kata-poseben-hotel-za-izolacija-na-zarazeni-kako-izgleda-olimpiskoto-selo-vo-tokio-foto-04.jpg

trpezarija-na-dva-kata-poseben-hotel-za-izolacija-na-zarazeni-kako-izgleda-olimpiskoto-selo-vo-tokio-foto-05.jpg

trpezarija-na-dva-kata-poseben-hotel-za-izolacija-na-zarazeni-kako-izgleda-olimpiskoto-selo-vo-tokio-foto-07.jpg

Трпезаријата е можеби најголемата просторија во селото и се протега на два ката. Според информациите, спортистите ќе можат да избираат од дури 700 разни оброци. На секоја маса, пак, има преграда од плексиглас за да се намали ризикот од зараза.

trpezarija-na-dva-kata-poseben-hotel-za-izolacija-na-zarazeni-kako-izgleda-olimpiskoto-selo-vo-tokio-foto-09.jpg

trpezarija-na-dva-kata-poseben-hotel-za-izolacija-na-zarazeni-kako-izgleda-olimpiskoto-selo-vo-tokio-foto-10.jpg

Слично е и во теретаната – помеѓу секоја справа за вежбање има преграда.

trpezarija-na-dva-kata-poseben-hotel-za-izolacija-na-zarazeni-kako-izgleda-olimpiskoto-selo-vo-tokio-foto-11.jpg

Вo селото има и посебна просторија за фотографирање, каде што спортистите ќе можат да е фотографираат со обележја од Јапонската култура.

trpezarija-na-dva-kata-poseben-hotel-za-izolacija-na-zarazeni-kako-izgleda-olimpiskoto-selo-vo-tokio-foto-12.jpg

Нормално, селото е опремено и со клиника во која ќе се прават тестови за ковид. Ако некој спортист добие позитивен тест, ќе биде испратен во посебен хотел за изолација кој се наоѓа надвор од селото.

trpezarija-na-dva-kata-poseben-hotel-za-izolacija-na-zarazeni-kako-izgleda-olimpiskoto-selo-vo-tokio-foto-13.jpg

trpezarija-na-dva-kata-poseben-hotel-za-izolacija-na-zarazeni-kako-izgleda-olimpiskoto-selo-vo-tokio-foto-14.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 држави кои речиси банкротираа заради организирање на Олимписки игри Олимписките игри се најголемиот спортски настан во светот и секоја година ги оче...
Red Bull X-Alps: Најтешката авантуристичка трка на светот е отворена за апликации Секои две години се одржува авантуристичката трка за планинари и параглајдеристи...
„Тенисот ми го покажа светот, а сега се збогувам“ – Марија Шарапова се откажа од тениската кариера По долги борби со повредите, светската тенисерка, Марија Шарапова го најави нејз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg