Која е турската новинарка што му направи интервју на Пандев на македонски јазик и има потекло од Охрид?

Откако најави дека ќе се пензионира, голем број новинари побрзаа да направат интервју со капитенот на нашата селекција Горан Пандев. Сепак, најголемо внимание привлече новинарката на турската телевизија beIN Sports Turkey, Сејхан Шашко, која во негова чест го водеше интервјуто на – македонски јазик.

Diplomirana-pijanistka-so-poteklo-od-Ohrid-Koja-e-Sejhan-Sasko-novinarkata-shto-mu-napravi-intervju-na-Pandev-na-makedonski-jazik-01.jpg

Тоа што новинарката добро го познава јазикот се должи пред сè на нејзиното потекло. Таа потекнува од Охрид, а на 3-годишна возраст со семејството се преселиле во Истанбул.

Сепак, иако била многу мала кога се преселила од Македонија, и иако целото образование го завршила во Турција, мора да забележиме дека таа одлично го говори македонскиот јазик.

Diplomirana-pijanistka-so-poteklo-od-Ohrid-Koja-e-Sejhan-Sasko-novinarkata-shto-mu-napravi-intervju-na-Pandev-na-makedonski-jazik-02.jpg

Како помалку познат факт за неа се издвојува тоа што иако кариерата во целост ја посветува на спортското новинарство, таа е дипломиран музичар. Дипломирала на Државниот Конзерваториум на Универзитетот Мармара, но сепак љубовта кон спортот, а особено кон тенисот одиграла важна улога во изборот на нејзината кариера.

Телевизиската кариера ја започнува во ТРТ во 2009-тата година. По ова ја уредувала и ја презентирала програмата Inverted Corner на EUROSPORT. По ова работела и во други спортски канали за денес да биде дел од тимот на beIN Sports Turkey.

Сејхaн во минатото била во врска со познатиот турски фудбалер кој играше за тимот на Фенербахче, Тунџај Санли.

Diplomirana-pijanistka-so-poteklo-od-Ohrid-Koja-e-Sejhan-Sasko-novinarkata-shto-mu-napravi-intervju-na-Pandev-na-makedonski-jazik-03.jpg

Тие беа топ тема во турските медиуми во 2018-тата година откако имаше пишувања дека токму со неа фудбалерот ја изневерил поранешната девојка и мајка на неговото дете Мелис Сајим.

Ваквите тврдења веднаш беа отфрлени од Санли и Шашко. Нивниот адвокат со изјава до медиумите потврди дека Санли претходно раскинал со девојката и немал намера да ја продолжи врската само поради детето, а дека од почит кон неа врската со новата девојка Шашко ја чувал подалеку од очите на јавноста.

Иако се шпекулираше дека тие двајцата ќе стапат во брак, тоа не се случи.

Сепак, по драматичните случувања се чини дека Шашко конечно нашла среќен крај, па така во март годинава се омажи  за спортскиот коментатор Ерсин Догру. Претходно, тие подолго време ја криеле врската, а во декември минатата година потврдија дека се гледале околу 1 година.

Во продолжение погледнете го интервјуто на Шашко со Пандев:

?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1406967024232828933%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2F24

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Со тенис ја „заразил“ брат ѝ, пред 1 месец почина татко ѝ - Што знаеме за Лина Ѓорческа, нашата тени... Историскиот успех на Лина има и малку „горчлив вкус“ за неа, бидејќи нејзиниот т...
Ѝ се скина оделото, освои злато на Олимпијада, дечко ѝ рони солзи – Која е најзгодната лизгачка, „ле... За време на квалификациите во декември, среде лизгање ѝ пукна оделото кај задник...
Се огласи изневерената девојка на норвешкиот олимпиец: „Тешко е да се прости и по изјавата за љубов ... „Не избрав да бидам ставена во оваа позиција и боли што морам да бидам во неа. Н...
Ноле остро одговори на провокација од новинар: „Јас цел живот бркам некого за титула, а мене никој, ... По пласманот во полуфиналето на Австралија Опен, Новак Ѓоковиќ се објаснува со д...
Се запознале како тинејџери, имаат 4 сина - Љубовната приказна на Зинедин Зидан и сопругата е како б... „На 6 февруари ја запознав мојата сопруга во Кан, врнеше снег. Го изгубив часовн...

Најчитани неделава