Никола Матлиески е изборот на Голден Арт КЛ7 за шеф на стручен штаб

Тренер со селекторско педигре од национални селекции на Македонија е изборот на Голден Арт КЛ7 за шеф на стручниот штаб во следните две години.

nikola-matlieski-e-izborot-na-golden-art-kl7-za-shef-na-struchen-shtab-02.jpg

Никола Матлиески, првиот асистент на селекторот на сениорскиот национален тим на последните две големи натпреварувања, Данило Брестовац, ќе го предводи проектот чија полтитика е создавање и давање шанса на млади македонски ракометари.

Стружанецот со највисоката тренерска лиценца во светот на ракометот - Мастер коуч, Никола Матлиески, својата играчка кариера ја стартуваше во матичната Струга, за потоа да премине во скопскиот суперлигаш Пролет каде што релативно млад ја заврши кариерата како играч. Од 2007-ма година ја стартува својата кариера како тренер во јуниорските екипи на Пролет и Металург, па преку сениорскиот тим на Металург 2 повторно се враќа во клубот во кој ја стартуваше истата, ракометниот клуб Тинекс Пролет. По четири поминати години во Тинекс Пролет, во кои клубот перманентно растеше и се развиваше, и во континуитет обезбедуваше излез во европските купови, паралелно извршувајќи повеќе функции во националните тимови на нашата држава застанува на чело на еден од најдобрите проекти за млади категории во Македонија, Голден Арт КЛ7.

nikola-matlieski-e-izborot-na-golden-art-kl7-za-shef-na-struchen-shtab-01.jpg

„Доаѓам во средина во која се негува работата со млади македонски ракометари, клуб кој инвестира во создавање на услови во кои нашите млади играчи ќе можат правилно да се развиваат и нуди можност истото тоа да го покажат на терен. По природа сум голем работник, максимално посветен на ракометот и можам да ветам многу работа, тренинг, посветеност во следните години. Нашата цел не е само првиот тим, каде што клубот има голем играчки потенцијал, туку и содзавање на респектабилна база на млади играчи и тренери во младите категории. Благодарност до раководството на Голден Арт КЛ7, кое има визија да работи за доброто на македонскиот ракомет, за довербата која со максимална посветеност во периодот кој следи ќе се трудам да ја оправдам“ – изјави новиот тренер на Голден Арт КЛ7, Никола Матлиески.

Во периодот кој претстои Голден Арт КЛ7 заедно со новиот тренер ќе го формира стручниот штаб кој ќе работи со тимот и во зависност од потребите ќе ја зголеми конкуренцијата во играчкиот кадар. Голден Арт КЛ7 и во следните години ќе се потпира на политиката на ангажман и развој на исклучиво македонски ракометари.

nikola-matlieski-e-izborot-na-golden-art-kl7-za-shef-na-struchen-shtab-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Никола Јокиќ изненаден - НБА ѕвезда носи јакна со вез како Св. Ѓорѓи ја убива ламјата, чини 20.000 д... Еден од највпечатливите моменти од кошаркарскиот All Star викенд, беше влегување...
Ламин Јамал не сакаше да потпише договор за Барса без баба му - Која е приказната зад нивната силна ... Наместо со менаџери и „важни фаци“, Јамал на церемонијата дојде со семејството, ...
Се запознале како тинејџери, имаат 4 сина - Љубовната приказна на Зинедин Зидан и сопругата е како б... „На 6 февруари ја запознав мојата сопруга во Кан, врнеше снег. Го изгубив часовн...
Михаел Шумахер веќе не е врзан за кревет - Што знаеме за неговото здравје 12 години по несреќата? Светскиот шампион во формула 1, Михаел Шумахер (57), на 29 декември 2013 година ...
Обвинувања за украден дечко, јавни навреди - Како Серена Вилијамс и Марија Шарапова од ривалки стана... Пред само неколку дена руската тенисерка Марија Шарапова влезе во Куќата на слав...
„Ме силуваа 2 недели пред да освојам злато во Пекинг“ - Параолимпијка откри зошто се парализирала пр... „Однадвор бев успешна спортистка која освојува сè што може да се замисли, но збо...

Најчитани неделава