Федерер го исполни ветувањето кое му го даде на момче пред 5 години: „Ќе ме чекаш ли да пораснам и да играме заедно?“

„Може ли да продолжиш да играш уште 8, 9 години за да можеме да играме заедно кога ќе станам професионален тенисер?“ – го прашал малиот Изјан Зизу Ахмад во 2017-та година. Момчето не очекуваше дека 5 години подоцна тенисерот ќе му ја исполни желбата и ќе си го исполни ветувањето. Емотивно видео од моментот... 

bravo-za-federer-emotivno-video-vo-koe-teniserot-go-ispolni-vetuvanjeto-shto-mu-go-dal-na-edno-momche-pred-5-godini-01.jpg

Изјан Зизу Ахмад најверојатно не сонувал дека прашањето што во 2017-та година му го поставил на Роџер Федерер за време на US Open, ќе му го донесе најубавиот ден во неговиот живот.

bravo-za-federer-emotivno-video-vo-koe-teniserot-go-ispolni-vetuvanjeto-shto-mu-go-dal-na-edno-momche-pred-5-godini-04.jpg

Во 2017-та година момчето Изјан Ахмед познато и како Зизу, собрало храброст и му пристапило на славниот тенисер, па му го поставило следното прашање:

„Може ли да продолжиш да играш уште 8, 9 години за да можеме да играме заедно кога ќе станам професионален тенисер?“

„Да“ – одговорил Федерер.

„Ветуваш?“ – прашало момчето.

„Ветувам...“ – рекол Роџер.

Сега, 5 години подоцна, во соработка со неговите спонзори, Федерер го одржа ветувањето што му го даде на момчето, а видеото од средбата е објавено на YouTube.

bravo-za-federer-emotivno-video-vo-koe-teniserot-go-ispolni-vetuvanjeto-shto-mu-go-dal-na-edno-momche-pred-5-godini-02.jpg

Во јуни, Ахмед беше однесен во Цирих. Тој верувал дека го носат на тренинг, па Федерер во тајност го следел секој негов чекор.

На видеото се забележува како детето прво со неверување гледа што се случува околу него, а кога Федерер конечно ќе излезе на теренот, Ахмад со солзи во очите и со подзината уста го поздравува светскиот тенисер:

„Здраво, господине Федерер...“

bravo-za-federer-emotivno-video-vo-koe-teniserot-go-ispolni-vetuvanjeto-shto-mu-go-dal-na-edno-momche-pred-5-godini-03.jpg

Погледнете го видеото:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се женел трипати, прв почнал да рекламира Вијагра – Што знаеме за Пеле, кој почина на возраст од 82 ... Енди Ворхол рекол дека славата на Пеле ќе трае 15 векови, за време на фудбалскат...
Бил оставен во манастир како бебе, добил страшна лузна на 2 години – Факти за фудбалерот Франк Рибер... Како бебе бил оставен на скали од манастир, а на 2 години во сообраќајка ќе ја д...
Љубовната приказна на Златан Ибрахимовиќ и Хелена Сегер - таа е 11 години постара од него, на првата... „Животот со него не е лесен, но не е лесно ниту да се живее со мене“ – вели парт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg