Го прогонува Меси за слика, се чудат кој го пуштил на теренот – Турчинот Salt Bae хит на Твитер по финалниот натпревар во Катар (видео)

„Очигледно Меси е имун на Salt Bae и знае дека е измамник“ – коментираат дел од твитерџиите откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од готвачот како ги прогонува играчите на Аргентина и се фотографира со трофејот. Сите се прашуваат кој му дозволил да се симне на теренот.

go-progonuva-mesi-za-slika-a-ovoj-ladno-go-ignorira-turchinot-salt-bae-hit-na-tviter-po-finalniot-natprevar-vo-katar-video-01.jpg

Непосредно по завршувањето на финалето на Светското првенство во фудбал во Катар сите беа сконцентрирани на случувањата помеѓу претседателот на Франција, Емануел Макрон и Килијан Мбапе, кој се обидуваше да го избегне.

Денес додека во Аргентина се слави победата за освоениот трофеј, Твитер е преплавен со фотографии и видеа со турскиот готвач Salt Bae кој по натпреварот очајно им се наметнуваше на играчите на Аргентина и се обидуваше да се фотографира со нив.

Видеото на кое Salt Bae го прогонува Лионел Меси стана хит на Твитер, а на него се гледа како готвачот го влече Аргентинецот за рака и го моли за да се сликаат, а фудбалерот двапати му вели: „не“.

Твитерџиите се збунети зошто воопшто на 39-годишниот Нусрет Гокче, попознат како Salt Bae му било дозволено да се симне на теренот по завршувањето на натпреварот.

„Дури и Меси знае дека Salt Bae е измамник“ – стои во еден од твитовите.

По сè изгледа упорноста му се исплати затоа што на крај објави кратко видео на Инстаграм Стори, каде се гледа дека успеал да се фотографира со најдобриот играч во светот.

Освен што се обидуваше да се фотографира со Меси, на Твитер масовно се шират фотографии на кои се гледа како тој го држи во раце трофејот на Аргентинците и им се „потпикува“ на другите играчи од победничкиот тим, па со прстенот го удри и трофејот.

Прочитајте и Нема завршено основно, татко е на 13 деца – кој е Нусрет Гокче, попознат како Salt Bae?

Според правилата на ФИФА, постојат само мал број луѓе на кои им е дозволено да го држат трофејот, а познатиот готвач најверојатно го искористил своето пријателство со претстедателот на Федерацијата Џани Инфантино за да се симне на теренот.

Дали присуството на готвачот на теренот ќе предизвика скандал за претседателот на федерацијата, останува да видиме.

  Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Обвинувања за украден дечко, јавни навреди - Како Серена Вилијамс и Марија Шарапова од ривалки стана... Пред само неколку дена руската тенисерка Марија Шарапова влезе во Куќата на слав...
Николета е најзгодната црногорска спортистка - мами воздишки со долгите нозе и полните усни Црногорката Николета Перовиќ е причината поради која многу мажи во Италија (каде...
Го криеле под кревет во Втора светска војна, 2 пати е украден: Лудата историја на првиот трофеј за С... Денес никој не знае каде е првиот трофеј што го добивале победниците на Светскот...
Жените „полудеа“ по згодниот голман на Нигерија - Што знаеме за Мадука Окоје? Иако мами воздишки со изгледот, неговата професионална кариера е полна со контро...
Победниците не го добиваат оригиналниот трофеј, играчите не се платени од ФИФА: Факти за Светско што... Секој тим што се натпреварува добива солидна сума од ФИФА за подготовки и патува...
Ги негираа гласините за неверство, па прославија влез на Аргентина во финале - Како сопругата на Мес... На Светското првенство во Катар во 2022 првпат почнаа гласини за љубовната афера...

Најчитани неделава