Каратистот на „Макпетрол“, Петар Заборски, се закити со бронзено одличје на турнирот од светската лига што викендов се одржа во Атина. Во борбата за трето место тој го совлада претставникот на домаќините, Евангелос Сереметакис со 1-0.
Грчкиот главен град Атина викендов ќе биде домаќин на првиот турнир од Светската 1 Премиер карате лига А серија, а на него ќе учествуваат и членови на скопскиот клуб „Макпетрол“. Најквалитетните светски каратисти ја отвораат сезоната во лигата на турнири организирани од Светската карате федерација.
Во овие 10 години сите обиди да се објават детали за здравствената состојба завршиле неуспешно. Единствениот човек што се обидел да ги објави медицинските записи на Формула 1 возачот се обесил во затворска ќелија, а единствената фотка од Шумахер била одземена пред да биде објавена. Според изјава на блиска личност до семејството Шумахер комуницира само со очите.
Агенцијата за млади и спорт на свечена церемонија ги избра најдобрите спортисти во Македонија за 2023 година. Каратистите на „Макпетрол“ и годинава се добитници на две вредни признанија. Спортските оскари ги освоија Витомир Трајковски, како и Универзитетскиот карате-тим составен од пет спортисти-сениори кои што се членови на скопскиот клуб.
„Михаел е тука, па не ми недостасува. Неговиот живот сега е сосема поинаков и јас ја имам привилегијата да поминувам време со него“ – вели Жан Тод во изјава за светските медиуми. Тој откри дека здравствената состојба на Формула 1 возачот и 10 години по несреќата не е подобрена.
Едно златно одличје и две бронзени освоија каратистите на „Макпетрол“ на Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 што неодамна се одржа во Љубљана. Витомир Трајковски се закити со златен медал во тежинската категорија -84 килограми, а Стефан Стојановиќ се пласира на третата позиција во +84 кг. Јована Мицовска, пак, со женскиот тим во борби освои бронза.
Кристијано Роналдо сака скапи автомобили и часовници, Вејн Руни има страст за коњи, а Мохамед Салах голем дел од парите што ги заработува ги дава во добротворни цели. На што ги трошат фудбалерите своите милиони?
На Меси не му се допаѓа кога ги навредуваат колегите од неговата репрезентација. Синоќа на мечот против Уругвај, публиката имаше можност да го види во едно сосема поинакво издание, кога тој влезе во физичка пресметка со фудбалерите на спротивниот тим. „Мора да научат да почитуваат“ – порача тој по крајот на натпреварот.
Карате клубот „Макпетрол“ реагира на настапот на сениорската карате репрезентација на Македонија на неодамна одржаното Светско првенство во Будимпешта и прикажаните резултати, за кои директно го обвинува селекторот Александар Кузмановски и стручниот тим на националната селекција во дисциплината борби. Во продолжение пренесуваме дел од реакцијата на тренерот на карате клубот „Макпетрол“, Бошко Заборски.
„По третпат успеваме заедно да ја одбраниме оваа преголема титула“ – порача на Инстаграм нашата бодибилдерка Мери Акиевска, откако повторно успеа да освои злато на Светското првенство во бодибилдинг и фитнес.
Витомир Трајковски, каратист на „Макпетрол“, се пласира на третата позиција на Светските боречки игри кои што од 18 до 22 октомври се одржуваат во главниот град на Саудиска Арабија. Трајковски, заедно со Стефан Стојановиќ, исто така, член на скопскиот клуб, се единствените македонски спортисти што учествуваа на овој глобален собир на којшто се натпреваруваат над 1.700 индивидуалци од 80 земји.
Главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, од 18 до 22 октомври ќе биде домаќин на Светските игри во боречки спортови, а двајца членови на карате клубот „Макпетрол“, Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ, ќе учествуваат на глобалниот собир. Ова натпреварување, освен карате, вклучува и 15 други спортови.
Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои првото место на турнирот „Шах-шех Вавилон Опен“ што викендов се одигра во Битола.
ШК Алкалоид го освои петтото место на Светското екипно првенство во шах за сениори во категоријата на играчи над 50 години, победувајќи ја третата селекција на Англија во деветтото и последно коло со моќен резултат од 3,5 : 0,5.
Последниот турнир од Adriatic Teqball League (ATL) Ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје, во сабота 30ти септември.
На сениорското балканско карате првенство, што во Тирана се одржа од 22 до 24 септември, членовите на карате клуб „Макпетрол“ се закитија со четири сребрени и две бронзени медали. Како дел од македонската репрезентација, Викторија Јовановска од скопски „Макпетрол“ се закити со сребрен медал. Таа е вицешампион во категоријата под 61 килограм. Петар Заборски (-75 кг.), пак, освои бронзен медал.
„Здраво Рики, ја имаш најубавата насмевка на светот“ – му порача Новак Ѓоковиќ на неговиот најмлад и најверен фан пред еден од натпреварите на US Open, а видеото од средбата беше објавено на социјалните мрежи.
Најсилното шаховско натпреварување за сениори/ветерани во светот, чија организација од страна на Светската шаховска организација (ФИДЕ) е доделена на Шаховската федерација на Македонија, ќе се одржи од 18 до 29 септември, во хотел Изгрев (Струга).