Енди Ворхол рекол дека славата на Пеле ќе трае 15 векови, за време на фудбалската кариера освои 3 светски првенства, трипати се женел – Што знаеме за легендарниот бразилски фудбалер Пеле, кој почина на возраст од 82 години?
„Се восхитувам на неговата кариера досега. Што се однесува до него, тој веќе рече дека имал проблеми кога си заминав од шпанската лига затоа што немал доволно добар ривал“ – со овие зборови Кристијано Роналдо го опишува односот со Меси. Во какви односи се двајцата најдобри фудбалери на светот?
„Очигледно Меси е имун на Salt Bae и знае дека е измамник“ – коментираат дел од твитерџиите откако на социјалните мрежи се појавија фотографии од готвачот како ги прогонува играчите на Аргентина и се фотографира со трофејот. Сите се прашуваат кој му дозволил да се симне на теренот.
Твитот од 2015-та година во кој се предвидува победата на Меси, обидите на Макрон да го утеши Мбапе, но и скандалозното барање на аргентинскиот голман за едноминутно молчење во име на најдобриот француски играч во соблекувалната – најинтересните мигови од финалниот натпревар во СП во Катар.
„Конечно успеа, знаеме дека страдаше долги години... Ти благодариме што нѐ научи дека никогаш не треба да се откажуваме“ – му порача сопругата на Лионел Меси по финалето во Светското првенство во Катар. Меси доби посебна чест во Катар да носи црна наметка додека го креваше пехарот. Што значи тоа?
Во последната миунта од тензичното финале на Светското првенство во фудбал резултатите беа изедначени, но Аргентина победи во пенал-серијата и со тоа третпат стана светски шампион.
Кога нашиот тим победува или игра добро, мозокот започнува да ослободува допамин, кој е директно вклучен во регулирањето на центрите за задоволство на мозокот...
„Покажа дека има срце од злато“ – велат дел од твитерџиите што имаа можност да го погледнат видеото во кое се гледа како францускиот репрезентативец трча на трибината да му се извини на навивачот што се здобил со повреди откако бил удрен со топка додека Мбапе се загревал за натпреварот со Мароко.
„Ова е годината на Лионел Меси“ – велат Аргентинците, горди на победата што синоќа успеаја да ја извојуваат над репрезентацијата на Хрватска. По натпреварот владееше еуфорија во соблекувалната, на стадионот Лусаил во Катар, но и на улиците во Буенос Аирес.
Имал само 4 години кога Лука Модриќ почнал да игра за фудбалската репрезентација на Хрватска, тврди дека првиот тренер го понижувал, а од заработката од фудбал на своите скромни родители им купил куќа – Што знаеме за Јошко (Пеп) Гвардиол, најмладиот играч на Хрватската репрезентација?
„Не ги почитува ниту сопствените обожаватели“ – велат дел од твитерџиите што го споделија видеото на кое се гледа како Кристијано Роналдо оттурна еден обожавател. Камерите го забележаа моментот како фудбалерот во солзи го напушти теренот откако не му се оствари сонот за победа.
На Твитер вирално се споделува снимка од интервју на момче во Белград, кое предвидува како ќе помине вечерашниот дуел помеѓу Србија и Бразил на Светското во Катар: „Митровиќ ќе постигне 2 гола за старт, а во второто полувреме Влаховиќ ќе го постигне голот, а Нејмар ќе падне и ќе плаче како бебе“. Кои се вашите предвидувања?
Изведба на традиционални танци и песни, Морган Фримен, со својот моќен и смирувачки глас, во дијалог со студент од Катар со хендикеп порача дека во различностите има убавина, спектакуларен танц на маскотите од Светските првенства низ годините, изведба на официјалната химна и моќно шоу со огномет на претставувањето на логото - погледнете како помина отворањето на Светското првенство во Катар.
Параолимпијката Оливера Наковска Бикова ѝ донесе нов златен медал на Македонија во стрелаштво. Битолчанката која во 2012-та година освои злато на Параолимпијадата во Лондон, сега 10 години подоцна, се враќа како светски шампион од Светското првенство во Обединетите Арапски Емирати.
„Погледнете тој ја бакнува, а таа стои вкоченето. Тој ја сака, а таа е со него само заради парите“ – велат фановите што имаа можност да го погледнат видеото во кое Пике по последниот натпревар на трибините се бакнува со новата девојка Клара Чиа.
Дел од женската популација го прогласува за свој миленик од нашата репрезентација. Со страст на теренот, очи сини како небо и непоколеблива волја за победа, Столе Димитриевски (28) – голманот на македонската фудбалска репрезентација.
Со емотивна објава на неговиот официјален веб-сајт, тенисерот Роџер Федерер сподели дека става крај на 24-годишната тенисерска кариера.
Како бебе бил оставен на скали од манастир, а на 2 години во сообраќајка ќе ја добие лузната на лицето, заради која и денес го викаат „човекот со лузна“. Вели дека се чувствува ограбен од Роналдо, а се соочи и со скандал заради секс со малолетна проститутка – Факти за Франк Рибери.