Голманот на Аргентина на терен го теши Мбапе, а во соблекувална бара едноминутен молк за него – највпечатливите мигови од СП во Катар (видео)

Твитот од 2015-та година во кој се предвидува победата на Меси, обидите на Макрон да го утеши Мбапе, но и скандалозното барање на аргентинскиот голман за едноминутно молчење во име на најдобриот француски играч во соблекувалната – најинтересните мигови од финалниот натпревар во СП во Катар.

golmanot-na-argentina-na-teren-go-teshi-mbape-a-vo-soblekuvalna-bara-ednominutno-molchenje-za-nego-najvpechatlivite-migovi-od-sp-vo-katar-video-01.jpg

Франција и Аргентина вчера (18.12) приредија спектакуларен финален натпревар во Светското првенство во фудбал во Катар, а натпреварот го одбележаа повеќе возбудливи мигови, како на теренот, така и на трибините.

Победничкиот танц на голманот на Емилијано Мартинез во моментот кога го одбрани пеналот на Кингсли Коман, радоста на францускиот претседател Емануел Макрон за постигнатите голови, но и обидите на францускиот претседател да го утеши најдобриот играч на Франција се само некои од највпечатливите мигови од натпреварот.

По победата на Аргентина во Светското првенство во Катар на социјалните мрежи масовно се споделуваат видеа и фотографии од вчерашниот финален натпревар.

Во продолжение да проследиме неколку хит видеа и објави што масовно се споделуваат на социјалните мрежи:

Предвидувањето дека Аргентина ќе победи на Светското првенство:

„На 18-ти декември. 2022-ра година, 34-годишниот Лео Меси ќе победи на Светското првенство и ќе стане најдобар играч на сите времиња. Ќе се видиме по 7 години“ – напишал во 2015-та година Хозе Мигуел Поланко, а неговиот твит масовно се споделуваше по завршувањето на натпреварот.

Емануел Макрон се радува на постигнатите голови на Франција:

Емилијано Мартинез го теши Мбапе по победата на Аргентина кој се обидува да го избегне Макрон:

Победничкиот танц на Емилиjано Мартинез по одбранет пенал:

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Растура на Светско, го нарекуваат „викинг“: Кој е норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд, што стана хит м... Ерлинг Халанд веќе важи за најдобриот фудбалер од Норвешка, но благодарение на С...
Французинот кој трча и менува јакни е вистински хит на Олимпијадата - Што знаеме за Беноа Ришо? Оваа зимска Олимпијада донесе многу интересни моменти, спортски подвизи кои ќе с...
Убиство, модерно ропство: Скандали што го одбележаа Светското фудбалско првенство низ годините На почетокот од јуни, фудбалски судија од Сомалија бил задржан на аеродром во Ма...
Роналдо облече дрес на починатиот Диого Жота и му ја посвети победата над Хрватска – со Лука Модриќ ... На последниот танц на Модриќ и Роналдо, откако синоќа Португалија извојува побед...
Победниците не го добиваат оригиналниот трофеј, играчите не се платени од ФИФА: Факти за Светско што... Секој тим што се натпреварува добива солидна сума од ФИФА за подготовки и патува...
Фудбалери се степаа со боксови, Меси „влијае“ на судијата да даде непостоечки црвен картон - Срамен ... По кратка расправија и меѓусебното туркање, ситуацијата ескалира, а на видеото ш...

Најчитани неделава