Најзгодната баба во светот ги откри тајните за младешки изглед – има 52 години, се бања во мраз (фото)

Џина Стјуарт има четири деца - Кејси, Цејмс, Коди и Самер, и три внуци. Била позната Плејбој зајачица уште во своите 20-ти години, но, пак стана популарна откако почна да објавува разголени слики на социјалните мрежи. По ова медиумите почнаа да ја нарекуваат „најсекси баба на светот“.

najzheshkata-baba-na-svetot-ima-4-deca-3-vnuci-se-slika-toples-i-vo-lateks-ja-sledat-preku-40-iljadi-lugje-na-only-fans-01.jpg

Австралиската манекенка и поранешна зајачица на „Playboy“, Џина Стјуарт (52), е мајка и баба, но сѐ уште успева да измами воздишки кај своите следбеници.

На Инстаграм ја следат повеќе од 350 илјади луѓе, а има и преку 40.000 следбеници на „OnlyFans“.

Џина има четири деца - Кејси, Цејмс, Коди и Самер, и три внуци.

Иако била позната уште во своите 20-ти години, таа повторно стана популарна откако почна да објавува разголени слики на социјалните мрежи. По ова медиумите почнаа да ја нарекуваат најсекси баба на светот.

Во интервју за „Daily Star“ таа откри дека својот младешки изглед го должи на крио третманите, односно, влегува во вода со мраз која достигнува температура до -100 степени.

За лицето, пак, користи масло од шипки.

„Верувам дека маслото од шипка што го користам секојдневно е против стареење, така што за мене тоа е ботокс во шише. Моето тајно оружје“ - рече таа во интервјуто.

Таа се храни здраво и вежба скоро секој ден. Најчесто консумира оброци полни со протеини, и ужива во храна како пилешко, мисирка и риба.

Кафе и алкохол скоро и да не пие.

Иако Џина се придржува до прилично строг режим, таа не ги исклучува повремените задоволства.

„Сакам чоколадо, па не се лишувам од тоа, но само во умерени количини“ - вели таа.

Повеќе фотографии од Џина Стјуарт на следната страница...



Би можело да ве интересира:

11 луѓе со кои не сакаме да делиме ист воздух (а ги има многу и во Македонија) Дали сте биле сведок на сцена во Скопје каде тркалото од велосипедот останало за...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...

Најчитани неделава