„11 години живеам со болки, открив дека лекарите ми заборавиле игла и конец во стомакот по породувањето“

„Постојано одев на лекар, а таму ми даваа само парацетамол за да ми поминат болките“ – вели оваа жена од Колумбија, која неодамна дознала дека 11 години живее со игла и конец во стомакот, што биле заборавени за време на интервенцијата за врзување на јајцеводите.

11-godini-zhiveam-vo-bolki-otkriv-deka-lekarite-mi-zaboravile-igla-i-konec-vo-stomakot-po-poroduvanjeto-01.jpg

Марија Адерлинда Фореро (39) од Колумбија цели 11 години трпела неподносливи болки, сѐ додека со магнентна резонанца не било откриено дека причината за тоа е предизвикана од ненамерна лекарска грешка.

11-godini-zhiveam-so-bolki-otkriv-deka-lekarite-mi-zaboravile-igla-i-konec-vo-stomakot-po-poroduvanjeto-02.jpg

Марија која потекнува од едно село во Колумбија за тамошните медиуми раскажува дека во 2012-та година, откако го родила 4-тото дете, била на операција за врзување на јајцеводите со цел да ги спречи идните бремености.

Но, лекарите што ја изведувале операцијата направиле ненамерна грешка и во стомакот на жената оставиле игла и конец пред да ја сошијат.

Марија прво верувала дека болката е нормална во постпородилниот период и дека со текот на времето ќе помине, а вели дека подоцна лекарите ѝ велеле дека е нормална последица на интервенцијата за врзување на јајцеводите.

„Само неколку денови по операцијата почнав да чувствувам болки, кои не престануваа, па почнав да одам во амбулантите во близина, а таму ми даваа само парацетамол за болката и ми велеа да си одам дома“ – раскажува Марија.

11-godini-zhiveam-so-bolki-otkriv-deka-lekarite-mi-zaboravile-igla-i-konec-vo-stomakot-po-poroduvanjeto-03.jpg

Болките станувале неподносливи, па дури и целосно го нарушиле начинот на живот на оваа мајка. Таа вели дека морала постојано да бара нова работа, затоа што никој не сакал да ја задржи на работното место бидејќи постојано е болна.

Како што раскажува, болката била неподнослива: не можела да се движи, ниту да спие, а за секоја посета во болница морала да патува околу 2 часа со мотоциклот на нејзиниот сопруг.

Во еден момент лекарите одлучиле да ѝ препишат посилни таблети против болка, но, ниту тоа не ѝ помогнало.

11-godini-zhiveam-so-bolki-otkriv-deka-lekarite-mi-zaboravile-igla-i-konec-vo-stomakot-po-poroduvanjeto-04.jpg

Речиси цела деценија подоцна, во ноември 2022-ра година таа закажала преглед со магнетна резонанца и ехо-преглед, кога било откриено дека во стомакот има необичен предмет.

„Лекарката ми рече дека за време на операцијата ми оставиле игла и конец во стомакот. Таа не можеше да верува што гледа, а јас не можев да поверувам што слушам“ – раскажува Марија.

Таа ги земала резултатите од прегледите и го побарала лекарот што ја оперирал пред 12 години, а кога ги видел, тој ѝ рекол дека сигурно грешката не е негова, а можно е таа сама да голтнала игла и конец.

11-godini-zhiveam-so-bolki-otkriv-deka-lekarite-mi-zaboravile-igla-i-konec-vo-stomakot-po-poroduvanjeto-05.jpg

Марија во моментов чека да добие термин и да најде лекар што е подготвен да ја оперира за да се отстрани предметот и конечно да се ослободи од страшните болки, но и од опасностите што може да ги предизвика по нејзиното здравје.

„Ми треба итно да ме оперираат и да го отстранат, затоа што не сакам да починам и да ги оставам децата“ – вели Марија.

Инаку, долгогодишното присуство на метален објект во телото може да предизвика низа здравствени компликации, а со текот на времето може да предизвика и рак.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
„На 15 години ме праќаа во хотели за топлес да ме сликаат мажи“ - Манекенка за темната страна на про... „Понекогаш среќавав убаво облечени мажи во нивните канцеларии, а понекогаша сред...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...

Најчитани неделава