„Кажував ДА на сè цела година, дури и на мажи што не ми се допаѓаа - кој е резултатот?“

„Поминав 9 години со тој маж и еден ден во 2011 година тоа беше готово. Беше емотивно болно. Плачев за изгубената љубов. Гледав како моите пријателки се мажени и со деца и чувствував дека заостанувам...“

kazhuvav-da-na-se-cela-godina-duri-i-na-mazhi-shto-ne-mi-se-dopagjaa-koj-e-rezultatot-01.jpg

Шарлин Вајт, новинарка од Велика Британија вели дека по тешка љубовна разделба пред 12 години, одлучила да почне да кажува „да“ на секоја можност која ќе излезе пред неа.

Таа вели дека овој експеримент ѝ го променил животот и дека токму тоа ѝ помогнало да го сретне нејзиниот партнер Енди со кого сега има две ќерки, на возраст од 6 и 4 години.

„Бев речиси во 30-тите кога срцето ми беше скршено. Бев вознемирена и во паника и сметав дека никогаш нема да запознаам некого. Никогаш нема да имам деца. Никогаш нема да се омажам и мојот живот нема да биде таков каков што сакам да биде.

Поминав 9 години со тој маж и еден ден во 2011 година тоа беше готово. Беше емотивно болно.

Плачев за изгубената љубов. Гледав како моите пријателки се мажени и со деца и чувствував дека заостанувам.

kazhuvav-da-na-se-cela-godina-duri-i-na-mazhi-shto-ne-mi-se-dopagjaa-koj-e-rezultatot-02.jpg

Никогаш нема да ми се случи да имам семејство.

Потоа, одлучив да кажувам ДА на сите мажи кои ќе ме поканат на состанок, иако претходно никогаш не сум го направила тоа.

Организирав и одмор на Ибица со пријателите и почнав да одам на настани сама. Вечери, забави... Ќе облечев убав фустан, ќе земев длабок здив и одев сама.

Ми се допаѓаше да запознавам нови луѓе.

Најчудното нешто кое го направив е кога отидов на настан со 15 сингл луѓе. Имаше многу мажи, но тие не ја бараа љубовта на својот живот, туку авантура за една ноќ.

Продолжив со излегување и една ноќ со запознав Енди, мојот сегашен сопруг. Разговаравме и ми кажа дека моите ставови се погрешни, тоа ме предизвика.

Поради мојата година со кажување ДА се чувствував самоуверено и со Енди веднаш тргнаа работите, а јас го прашав: „Ова води некаде? Бидејќи биолошки јас немам време за чекање“ и горда сум што го кажав тоа.

kazhuvav-da-na-se-cela-godina-duri-i-na-mazhi-shto-ne-mi-se-dopagjaa-koj-e-rezultatot-03.jpg

И оттогаш започна сè, 8 години и веќе имаме две прекрасни ќерки.

И не, немаше да го запознаам Енди ако не кажував ДА на сите можности кои ми се укажуваа.

Научив дека да бидеш среќен сам со себе, прави да бидеш задоволен и да зрачиш со самодоверба“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трогателна исповед на маж жртва на семејно насилство: „Не ми даваше да јадам, се закануваше дека ќе ... Маж од Англија го споделува своето потресно искуство со поранешната партнерка ко...
„Ќе се венчам сама со себе по развод и неколку неуспешни врски – си купив и свршенички прстен“ „Кога им кажав на блиските, мислеа дека сум полудела, што беше очекувано. Но, шт...
Се онесвестуваат, плачат: Тајландската лотарија за служење војска стана вирална (видео) Во Тајланд секоја година се одржува лотарија за служење војска. Мажите на возрас...
„Јас сум горда спонзоруша, сакам богати мажи кои ќе се грижат за мене - и таков партнер си избрав“ „Ако тоа што сакам партнерот добро да се грижи за мене и да ме разгалува, ме ети...
Остана бремена од криминалец, па се омажи за идниот крал на Норвешка - Која е принцезата Мете-Марит? Свадбата на норвешкиот престолонаследник со „обичната девојка“ Мете-Марит во 200...
„На 15 години ме праќаа во хотели за топлес да ме сликаат мажи“ - Манекенка за темната страна на про... „Понекогаш среќавав убаво облечени мажи во нивните канцеларии, а понекогаша сред...

Најчитани неделава