„Постојано патуваме, ми купува многу работи“: Сопруга на милионер од Дубаи се жали за нејзините маки

Според Линда Андраде (23) која е во брак со милионер од Дубаи, воопшто не било лесно ако сопругот постојано ви купува подароци и често ве носи на патувања. Очекувано, младата девојка се соочи со критики и низа саркастични коментари за нејзините „проблеми“.

postojano-patuvame-mi-kupuva-mnogu-raboti-sopruga-na-milioner-od-dubai-se-zhali-za-nejzinite-problemi-01.jpg

Линда Андраде која себеси се нарекува „оригиналната домаќинка од Дубаи“ има 23 години и е во брак со милионер од Дубаи.

Таа потекнува од Јордан, а на 19-годишна возраст се венчала со сопругот Рики и оттогаш живее во луксуз.

View this post on Instagram

A post shared by Linda Andrade (@lionlindaa)

Линда има над половина милион следбеници на ТикТок каде што редовно се фали со раскошот во којшто живее.

Но, со неодамнешно видео младата девојка ги разгневи следбениците бидејќи се жали за нејзиниот луксузен живот.

Односно, Линда споделува која е лошата страна на бракот со милионер, а многумина сметаат дека таа нема допир со реалноста штом тоа се нејзините најголеми проблеми.

View this post on Instagram

A post shared by Linda Andrade (@lionlindaa)

Линда вели дека првото нешто е тоа што ѝ е страв дека ќе биде ограбена, а во видеото покажува дизајнерска чанта и златен накит.

Следниот „проблем“ на Линда е тоа што секогаш морала да изгледа беспрекорно. Овојпат, таа покажа снимка од фризер, но и од продавница на Victoria’s Secret.

Следно, Линда се пожали дека имала преголем избор на храна и била неодлучна што да јаде.

Друг проблем на Линда бил тоа што други жени го посакувале нејзиниот богат сопруг.

Потоа, девојката се жали дека сопругот ѝ купувал премногу работи, а притоа покажа дел од нејзиниот огромен гардеробер.

За Линда било многу проблематично и тоа што постојано патувале, па била преморена.

Не ѝ се допаѓало ни тоа што секој оброк во ресторан бил сервиран како некое шоу.

Линда се поажли и дека сопругот никогаш не ѝ дозволувал да вози.

@lionlindaa

Im posting the *good things* next 🖤✨ #millionaire #wife #dubai #rich

♬ Habibi (Albanian Remix) - Ricky Rich & Dardan

Веројатно претпоставувате што ѝ пишуваат корисниците во коментари. Дел ја критикуваат, а дел се саркастични:

„Јас можам да го издржам сето тоа. Ако некој може да ме запознае со милионер кој сака сопруга, ќе бидам многу среќна“.

„Леле, многу ми е жал за тебе“.

„Колку стресно, јас ќе те заменам“.

„Јас сум доволно храбра да се справам со сите овие проблеми“.

„Јас не се плашам дека ќе ме ограбат. Јас се плашам дека ќе немам пари да си ги платам сметките“.

Повеќе фотки од Линда на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg