Ја споредуваат со Хулк - Бодибилдерка од Бразил јаде 7 пати дневно за да ја одржи формата (фото)

Бразилката Рафа Араујо е бодибилдерка која вели дека јаде дури седум големи оброци во текот на денот за да ја одржува својата фигура. Ја нарекуваат „Хулк“, а на нејзиното мускулесто тело сигурно би позавиделе и мажите.

bodibilderka-od-brazil-jade-7-pati-dnevno-za-da-ja-odrzhuva-formata-ja-sporeduvaat-so-hulk-foto-001.jpg

Рафа Араујо од Бразил е фитнес фанатик која е позната како „Хулк“.

37-годишната Рафа има над 660.000 следбеници на Инстаграм каде што гордо позира со мускулестото тело, а ги споделува и нејзините програми за вежбање.

Рафа вели дека покрај интензивните тренинзи, за нејзиното мускулесто дело многу заслужен е и начинот на исхрана. Таа јаде по 6-7 оброци дневно.

„Пред вежбање обично пијам протеински шејк со протеин од сурутка и незасладено млеко од бадем. По напорен тренинг си ја враќам енергијата со голема порција ориз, пилешко и брокула.

За третиот оброк комбинирам јајца и аспарагус, па протеински шејк. Јадам овошје и сирење за четвртиот оброк.

Петтиот оброк обично е ориз, риба и брокула, а за шестиот оброк јадам авокадо и пет белки од јајца“, открива таа.

Рафа вели и дека двапати неделно си дозволува да јаде што сака, односно сака да се почести со чизбургер и помфрит.

Бразилката истакнува дека за толкава мускулна маса, неопходно е да јаде големи количини храна.

„Фасцинантно е. Кога јадете многу и имате константна рутина за вежбање, мускулите природно стануваат поголеми и подефинирани. Оваа трансформација има ’домино ефект‘ – колку повеќе мускули имате, толку повеќе калории согорува телото во текот на денот.

Посветеноста на фитнесот ви го зајакнува телото, но и ве претвора во ефикасна машина за согорување калории“.

Рафа вежба шест или седум дена во неделата, а вели дека најмногу се фокусира на долниот дел од телото.

„Ние (Бразилките) сакаме да имаме поширок долен дел на телото“.

Сепак, и покрај ова, Рафа цели дека е важно да се активираат сите мускули.

„Многу луѓе прават вежби за нозе едниот ден, а следниот прават вежби за горниот дел од телото. Поради ова нема многу жени со облини како Бразилките“.

Рафа има и ТикТок профил каде што редовно споделува совети за вежбање. Таа вели дека некогаш добива и по 600 пораки дневно од луѓе кои ја прашуваат за совети.

„Мојата мотивација во сето ова е да им помагам на луѓето. Сакам да им помагам на другите да ги достигнат своите цели, не само физичките, туку и менталните. Вежбањето не е само за физичка сила, туку и за ментална.

Ги охрабрувам моите следбеници да најдат активности што ги радуваат и им годат на менталното здравје. Без разлика дали е јога, медитација или други хобија, хранењето на умот е клучно за целокупното здравје“.

Повеќе фотки од Рафа на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...

Најчитани неделава