Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Роденденот го прослави со црна торта, зборуваше за својот погреб - Што знаеме за Мис Венецуела која почина во страшна сообраќајна несреќа?

„Се снимам самата себеси за својот иден погреб. Јас сум таа што ги снима другите, а никој не ме снима мене“ – само 2 месеци пред смртта 26-годишната Мис Венецуела објавила морничаво видео со кое си ја предвидела смртта. Што знаеме за убавиот модел кој загина во страшна сообраќајна несреќа во САД?

objavila-video-vo-koe-si-ja-predvidela-smrtta-shto-znaeme-za-mis-venecuela-koja-pochina-vo-strashna-soobrakjajna-nesrekja-01.jpg

Аријана Виера (26) беше Мис Венецуела и требаше да се појави на Miss Latin America of the World 2023, почина на 13-ти јули годинава, откако доживеала страшна сообраќајна несреќа во Флорида, САД.

Мајката на Аријана, Вивен Очоа деновиве даде изјава за медиумите и објасни што точно се случило тој кобен ден и како нејзината ќерка го загубила животот.

Според нејзината изјава, Аријана била мошне уморна, па заспала додека управувала со автомобилот и потоа удрила во камионот што бил пред неа.

Аријана била жива во моментот кога пристигнала брзата помош, но медицинските лица морале да ја оживуваат.

„Ја оживеаа, но кога сакаа да ја пренесат во болница таа почина“ – појасни мајката и откри дека девојката преживеала срцев удар.

Мајка ѝ тврди дека Аријана премногу се грижела за другите и дека тоа најверојатно ја одвело во смрт.

„Таа им помагаше на многу луѓе. Ќе оставеше сѐ што прави за да застане да ти помогне или да те сослуша. Секогаш беше тука за пријателите, за нејзините браќа, за мене“ – рече таа.

Таткото на Аријана, кој живее во Перу поднел барање за виза за да присуствува на погребот на ќерката, но ја добил дури еден ден по погребот.

Во мај, Аријана објави едно видео на Инстаграм, што сега за многумина има морничава содржина и во кое на некој начин самата девојка си ја предвидува смртта.

„Се снимам самата себеси за својот иден погреб затоа што секогаш јас сум таа што ги снима другите, а никој не ме снима мене“ – напиша таа до видеата на кои се гледа како таа се буди, пие вода и седи дома.

Но, она што е уште поморничаво е тоа што на Инстаграм профилот на Аријана некој сѐ уште објавува нови фотографии и видеа и се претпоставува дека тоа го прави нејзината мајка.

„Не знаев дека Бог ми подарил ангел. Не знаев дека Бог ми подарил мало парче рај, но на многу кратко време“ – рече мајка ѝ во изјава за медиумите.

Инаку Аријана 26-иот роденден го прослави на 6-ти јануари годинава, а на Инстаграм позираше со црна торта.

Аријана беше модел од Венецуела кој живееше и работеше во Флорида, САД.

Освен што работеле на својата кариера како модел, Аријана имала и мал бизнис Full House Cleaning кој нудел хигиеничарски услуги за домови и компании.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Сопругот ми плаќа по 100 долари неделно за да чистам и да готвам - Зошто ова ми е најдобрата работа... Според оваа млада Американка, тоа што жените бараат мажите во домот да ги завршу...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
„Од Англија се преселив во Бугарија – конечно си ја купив куќата од соништата“ (видео) Британка која со семејството се преселила во Бугарија вели дека платила 26.000 е...
Како помина вселенското патување на Лорен Санчез и Кети Пери со женски екипаж + зошто јавноста ја ис... Кети Пери им пеела во капсулата, па ја бакна земјата откако се вратија назад. Ка...
„Мајка ми живее со мене откако се породив, готви и се грижи да сум наспана - не сакам да си оди“ „Се будеше во 5:30 и почнуваше со својата рутина. За појадок ми правеше чај од ц...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg