Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Девојките низ светот им раскинуваат на дечковците по гледање на филмот Барби

„Мислам дека треба да го однесете партнерот да го гледа филмот Barbie и ова треба да биде тест за вашата врска, за да одлучите дали тој е партнер со кој ќе бидете засекогаш заедно“ - пишуваат жените на социјалните мрежи и масовно им раскинуваат на своите дечковци.

mu-raskinav-na-dechkoto-zashto-ne-mu-se-dopadna-barbi-zheni-od-cel-svet-gi-ostavaat-partnerite-otkako-go-gledaa-filmot-01.jpg

Откако „Barbie“ на режисерката Грета Гервиг, со Марго Роби и Рајан Гослинг, имаше светска премиера на 20 јули 2023, манијата по филмот не престанува. Оние што го гледале велат дека тој носи силна порака и воопшто не е филм за деца, а оние што не го гледале, неколку дена однапред резервираат кино билети, бидејќи проекциите се преполни. Барби-манијата и понатаму трае, до толку што филмот заработи преку 1 милијарда долари за само 2 седмици.

Меѓу нештата кои го привлекоа вниманието на јавноста, а се поврзани со филмот, е и објавата на една жена која откри дека раскинала со своето момче поради неговата „непријатна“ реакција на новиот филм за Барби.

23-годишна девојка на Reddit, поттикна дискусија меѓу жените, откако кажа дека му раскинала на дечкото откако биле заедно во кино да го гледаат хит-филмот Barbie.

Таа ја почна својата објава со коментар дека била навистина возбудена што ќе го гледа филмот, бидејќи е голем обожавател на режисерката Грета Гервиг.

go-gledav-filmot-barbie-koi-mi-bea-prvite-vpechatoci-04.jpg

Девојката пишува дека нејзиниот, сега веќе поранешен, дечко не знаел многу за филмот пред да го гледаат, но дека „се чувствувал непријатно“ поради пораките што ги испраќа тој.

„Бев свесна за феминистичките теми и потајно се надевав дека мојот дечко ќе ја сфати пораката.

Но, како што го гледавме филмот, така тој стануваше сè повознемирен и му беше непријатно.

И бев навистина тажна (и од филмот и од неговата реакција), па очекував дека ќе имаме разговор на оваа тема потоа“, пишува таа.

Според девојката, нејзиниот поранешен партнер не разговарал со неа сè додека не се вратиле во нивниот автомобил, кога ѝ кажал дека бил „навистина навреден од филмот“ и дека „таа требало да го гледа со своите другарки наместо со него“.

go-gledav-filmot-barbie-koi-mi-bea-prvite-vpechatoci-05.jpg

Девојката признава дека ја сфатила неговата реакција, но наместо да се објаснува со него, решила да му раскине.

Сепак, таа признала дека дури и пред да го гледаат филмот, таа и бившиот се расправале за неговите мислења за жените.

„Имавме проблеми со неговите чудни коментари за жените, ЛГБТ заедницата и други работи.

Па, најверојатно само барав причина да раскинеме.

Ми здодеа да морам секогаш да се справувам со неговиот став и непочитување, а можеби се чувствував моќно откако го изгледав филмот, па затоа му реков дека е готово“, вели таа.

AITA for breaking up with my boyfriend over the Barbie movie
by u/notalaskakidd in AITAH

Филмот со Марго Роби и Рајан Гослинг, кој за 2 седмици заработи над 1 милијарда долари на кино-благајните, сепак поттикна и други жени да размислат за своите љубовни врски и да му раскинат на партнерот.

Жените преку Reddit споделуваат слични мисли.

„Се чувствувам како кретен што дозволив филмот за Барби да влијае на мојата врска и начинот на кој го гледам моето момче“, напиша една жена.

mu-raskinav-na-dechkoto-zashto-ne-mu-se-dopadna-barbi-zheni-od-cel-svet-gi-ostavaat-partnerite-otkako-go-gledaa-filmot2_1.jpg

„Постојано му испраќав видеа од ТикТок и твитови за филмот, а на другарките им велев дека ако мојот дечко не ги разбира, тогаш треба да ја преиспитам целата наша врска. И тоа го правам во последно време,“ пишува друга жена.

Меѓу оние кои без размислување го оставиле дечкото е и девојка која открила дека му раскинала на момчето откако тој одбил да облече розово за да оди да го гледа филмот со неа во кино.

Манијата по овој филм и неговата феминистичка порака се прошири и на ТикТок, па една корисничка вели:

„Однесете го вашето момче да го гледа Barbie. Aко не го разбира филмот – откачете го“.

go-gledav-filmot-barbie-koi-mi-bea-prvite-vpechatoci-03_1.jpg

Ова не е единствениот ваков коментар, следуваат уште неколку интересни коментари:

„Ако излегувате со маж и не му се допаѓа филмот за куклата Барби, треба да раскинете со него“ – вели друга корисничка на ТикТок.

На ова една жена одговорила: „Се согласувам. Тој не е доволно Кен за тебе“.

Screenshot_2023-mu-raskinav-na-dechkoto-zashto-ne-mu-se-dopadna-barbi-zheni-od-cel-svet-gi-ostavaat-partnerite-otkako-go-gledaa-filmot-17.jpg

Според некои жени, гледањето на филмот за Кен и Барби е добар начин да се тестира дали партнерот е навистина соодветен за вас.

„Мислам дека треба да го однесете партнерот да го гледа Barbie и ова треба да биде тест за вашата врска за да одлучите дали тој е добар партнер со кој ќе бидете засекогаш заедно“.

Дали и вие би го оставиле партнерот ако не му се допадне Barbie?

Прочитајте и Го гледав филмот „Barbie“ – Кои ми беа првите впечатоци и зошто треба да му дадете шанса?

 А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Бизарниот „харем од мајки“ на Илон Маск: Им нудел милиони долари на жени за да му раѓаат деца, памет... Според последната жена која излезе со тврдење дека родила дете од Илон Маск, мил...
Дечко од Канада бил несреќен на работа, си дал отказ и почнал да патува низ светот - денес е милионе... Кристијан Лебланк од Канада вели дека одлучил да ја напушти канцелариската работ...
„Купив стан за да живееме со партнерот, сега тој не сака да плаќа кредит – ме искористува ли?“ „Купив стан на мое име и кога го замолив дечко ми да помага со кредитот, ми рече...
Како помина вселенското патување на Лорен Санчез и Кети Пери со женски екипаж + зошто јавноста ја ис... Кети Пери им пеела во капсулата, па ја бакна земјата откако се вратија назад. Ка...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg