„Вежбав 7 дена како Марго Роби - колку се напорни тренинзите за да се добие тело како 'Барби'?“

„Додека пилатесот и кревањето тегови ми се познати, балетот ми ги вежба мускулите на начин на којшто не бев свесна дека е можен и ова е најтешката вежба досега“ – откри новинарката Бриди Вокинс која 7 дена ја испробала фитнес рутината на Марго Роби. Погледнете што прави актерката за да изгледа како „Барби“?

vezhbav-7-dena-kako-margo-robi-kolku-se-naporni-treninzite-za-da-se-dobie-telo-kako-barbi-01.jpg

Освен што држела посебна диета, за да добие тело на Барби, Марго Роби за филмот имала и утврдена фитнес рутина за вежбање, што нималку не е лесна.

„Здравата исхрана и вежбањето мора да преовладуваат во мојот живот за да може да се чувствувам најдобро што може, но не сакам премногу да размислувам за тоа“ – рече во една пригода Марго Роби.

vezhbav-7-dena-kako-margo-robi-kolku-se-naporni-treninzite-za-da-se-dobie-telo-kako-barbi-02.jpg

Познато е дека таа доста посветено се подготвува за филмските улоги, што е видливо и во филмот Barbie, но да не заборавиме дека истовремено се залагаше и за тоа брендовите да почнат да произведуваат и малку поинакви дизајни на кукли, па така настанаа и барбиките со облини, но и барбиките со Даунов синдром.

„Мислам дека не треба да речеме, Барби е само во ваква верзија и дека жените треба да се трудат да изгледаат и да се однесуваат како неа“ – рече таа.

vezhbav-7-dena-kako-margo-robi-kolku-se-naporni-treninzite-za-da-se-dobie-telo-kako-barbi-03.jpg

Но, ако се остави сѐ друго настрана, јасно е дека Марго мошне напорно вежба за да ја постигне линијата по која е препознатлива и да наликува на популарната кукла.

vezhbav-7-dena-kako-margo-robi-kolku-se-naporni-treninzite-za-da-se-dobie-telo-kako-barbi-04.jpg

Новинарката Бриди Вокинс една седмица се обидела да вежба како Марго Роби, а за весникот Woman’s Health ги раскажува своите впечатоци.

Накратко, фитнес рутината на Марго Роби изгледа вака:

  • Понеделник: 60 минути пилатес вежби + 100 чучнувања;
  • Вторник: 60 минути вежби со тегови + 100 чучнувања;
  • Среда: Ден за одмор;
  • Четврток: 30 минути вежби за стомачните мускули (дополнително 100 чучнувања);
  • Петок: 60 минути вежби по балет + 100 чучнувања;
  • Недела: Ден за одмор.

vezhbav-7-dena-kako-margo-robi-kolku-se-naporni-treninzite-za-da-se-dobie-telo-kako-barbi-08.jpg

По седумдневно придржување до фитнес рутината на Марго Роби, новинарката извлече неколку интересни заклучоци.

Како што вели, со оглед на тоа што претходно вежбала пилатес и кревање тегови, воопшто немала проблем да се придржува до овие делови од фитнес рутината на Марго, но мака мачела со чучнувањата.

Иако, вториот ден се обидела да ги подели во две серии од по 50 чучнувања наутро и 50 чучнувања навечер, таа се чувствувала преуморно.

vezhbav-7-dena-kako-margo-robi-kolku-se-naporni-treninzite-za-da-se-dobie-telo-kako-barbi-05.jpg

Особено била изненадена од вежбите во петтиот ден, кога требало да вежба балет.

„Додека пилатесот и кревањето тегови ми се познати, балетот ми ги вежба мускулите на начин на којшто не бев свесна дека е можен и ова е најтешката вежба досега.

Ме болат мускулите што не ни знаев дека ги имам и морам да одморам за да земам здив, но мислам дека ќе стане полесно кога ќе ги научам добро вежбите“ – вели таа.

vezhbav-7-dena-kako-margo-robi-kolku-se-naporni-treninzite-za-da-se-dobie-telo-kako-barbi-07.jpg

„Еден елемент што со сигурност нема да го преземам од рутината на Марго Роби се 100-те чучнувања. Јасно, го зајакнуваат целото тело и даваат подобар баланс, координација, држење, добри се за ослободување на болките во грбот, но тие примарно делуваат само на долниот дел од задникот“ – вели таа.

Но, иако е мошне напорна, Бриди вели дека многу ѝ се допаднала фитнес рутината на Марго, откако сфатила дека може вежбите да ги скрати, за да не се чувствува преуморно и да нема сила ниту да мисли.

За крај, Бриди вели дека и покрај сѐ оваа рутина ѝ помогнала да се чувствува подобро и дефинитивно ќе продолжи да применува дел од нејзините вежби, но во онаа мера во која се чувствува добро, а не за да добие тело на Барби.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...

Најчитани неделава