„Onlyfans и другите платформи за возрасни се забава и брза заработувачка или виртуелни макроа? Јас се ежам од нив!“ (18+)

Со само еден клик и внес на кредитната картичка корисниците добиваат мошне широка селекција на сексапилни фотографии, а за долар или два плус, и видеа, а посебна цена се приватните видеоповици, нели да е поинтимно?

onlyfans-fiestafans-privacy-platformi-za-zabava-brza-zarabotuvacka-ili-virtuelni-makroa-04.jpg

Дали оваа виртуелна проституција е бизнис на модерното време?

Сепак, својот пик го имаа за време на пандемијата, кога и најмалиот физички контакт беше забранет, а и ризичен по здравјето. Бројот на корисници, и од двете страни, од оние кои креираат експлицитни содржини и од оние кои плаќаат за нив, вртоглаво порасна за време на пандемијата.

Па, како што многу бизниси се префрлија онлајн и многу канцелариски бироа се пренесоа во дневните соби, така и проституцијата си доби свој виртуелен аспект? Да, не е проституција, туку само продажба на фотографии и носени „чипкасти“ гаќички.

Она што ме изненади е еден млад пар од Бразил, кои преку видеата на ТикТок се фалат колку заработиле со својот профил на платформата Privacy.

Тие ги користат Инстаграм и ТикТок за бесплатен маркетинг на својот профил на платформата. На Privacy, нивната содржина се домашни видеа од нивниот секс.

И да, тие се горди што купиле мотоцикл и платиле одмор во луксузен ресорт. Тоа им е екстра заработка за луксузирање.

Одлична идеја, штом водиме љубов, барем и да заработуваме, вреди да нè гледаат во нашиот најинтимен момент, бидејќи си купивме Ајфони 13 и 14. Не знам каде се скрија интимноста, љубовта и скромноста.

https://www.tiktok.com/@mariele.e.kevin/video/7246165229413879045

Проституција е еден од најстарите занаети во светот, но беше барем скришна, или тајна, но новите модели од платформите гордо зборуваат за своите експлицитни фотографии.

Млади девојки и момци се откажуваат од своето образование, од факултетска диплома, од веќе сериозни кариери за да креираат за содржини за Onlyfans. Сигурно си мислат: „Па, зошто да работат осум часа дневно за мала плата, кога само со разголени фотки од себе веќе ја имаат годишната заработка?“ Проста математика, но без морални вредности.

onlyfans-fiestafans-privacy-platformi-za-zabava-brza-zarabotuvacka-ili-virtuelni-makroa-03.jpg

И додека платформите велат дека оние кои имаат свои профили се заштитени и нивната содржина е достапна само на оние кои се претплатите, се прашувам, дали заборавиле на скриншотите?

Хакерите уриваат системи на безбедност на владини страници полни со државни тајни, зарем не можат да хакнат сајт со фотографии? А да, еден плаќа, и истите фотографии ги дели на уште десетина.

И на крај, останува прашањето до каде некои личности се подготвени да одат за пари?

Дали овие платформи за брза и добра заработувачка имаат негативно влијание на младите и нивниот поглед на реалниот свет и работа од осум часа дневно?

Колку се изместија границите на нормалното живеење и на традиционалните семејни вредности, што родители ги поддржуваат своите едвај полнолетни деца да го продаваат своето тело на интернет?

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови  и фотографии е казниво со закон.

И. Ј.| Црнобело / Фото: depositphotos.com



Би можело да ве интересира:

„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
„Живеам од социјална помош бидејќи ми е стресно да работам – си купив куќа и ги зголемив градите, не... Жена од Англија 23 години живее од социјална помош бидејќи, како што вели, полес...
Тинејџер од Русија си ја пиел крвта и завршил во болница - сакал да си ја лекува анемијата, „советот... 17-годишно момче од Русија пробало да си ја лекува анемија пиејќи ја својата крв...
„Маж ми 18 години е заглавен во најстрашниот затвор во Дубаи – условите се ужасни, имаше и туберкуло... „Условите се ужасни. Исхраната е лоша и немаат никаква физичка активност. Рајан ...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...

Најчитани неделава