Пар од Австралија со џуџест раст има три деца со истата состојба - мајката е 127cm, a таткото - 137cm

Парот добива бројни позитивни коментари за инспиративниот начин на живот, но признаваат дека се соочуваат и со критики, најмногу бидејќи одлучиле да имаат деца и покрај нивната состојба.

so-soprugot-imame-dzhudzhest-rast-i-decata-go-nasledija-nekogash-ne-kritikuvaat-no-go-zhiveeme-zhivotot-so-polni-gradi-01.jpg

Чарли и Кулен Адамс од Австралија се пар со џуџест раст. Тие имаат и три деца кои ја наследиле состојбата од нивните родители.

Чарли има и Инстаграм профил со над 360.000 следбеници, каде што редовно споделува детали од секојдневието со нејзините деца и сопругот.

„Сакам да објавувам фотки каде што го живееме животот со полни гради. Нема граници на она што можеме да го направиме заедно (како семејство)“, вели Чарли.

Чарли е висока 127 сантиметар, додека Кулен – 137 сантиметар.

Парот добива бројни позитивни коментари, но признаваат дека се соочуваат и со критики, најмногу бидејќи одлучиле да имаат деца и покрај нивната состојба.

Тие велат дека секоја од трите бремености на Чарли била многу ризична и постоела можност децата да не преживеат или да се родат со сериозни здравствени проблеми.

Чарли и Кулен се запознале во 2012 година, а се венчале во 2017-та.

Првата бременост не била планирана, и парот стравувал за детето.

Чарли го има најчестиот вид на џуџест раст, додека сопругот Кулен има поредок вид кој може да предизвика повеќе здравствени проблеми.

Уште при првата бременост, лекарите им кажале кои се можностите – бебето да се роди со едниот од двата вида џуџест раст или да биде со нормален раст.

Постоела можност и бебето да ги наследи двата вида џуџест раст, а ова би било фатално.

Трите деца имаат наследено по еден од гените, што значи освен џуџестиот раст, тие се во генерално добра здравствена состојба.

Чарли, пак, вели дека со Кулен не ни обрнуваат внимание на висината и тоа што имаат џуџест раст не ги спречува да живеат исполнети животи.

„Целта со мојот Инстаграм профил е да допрам до другите луѓе и да им покажам дека џуџестиот раст не треба да биде пречка за ништо“, вели таа.

Повеќе фотки од семејството на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Потресни сведоштва од несреќата со возови во Шпанија: „Гледав како луѓето умираат, а јас не можев да... „Мојот сопруг виде детенце кое умре во возот. Друго детенце ја бараше мајка си. ...
Љубовта на норвешкиот фудбалер Халанд - на девојката фудбалерка ѝ купи чанта од 380.000 евра, растел... Тие се моќно модно дуо, а нивната љубовна приказна е уникатна – се познаваат од ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...

Најчитани неделава