Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Биле изолирни, не смееле да контактираат со семејствата: Животот на жените во кинескиот царски харем

Жените кои биле дел од кинескиот царски харем постојано се бореле за вниманието на императорот и повисок статус. Не смееле да имаат контакт со своите семeјства. Само на една ѝ успеало да ја тргне царицата од тронот, и тоа на грозоморен начин. Како изгледал животот на жените во кинескиот царски харем?

carot-go-zadovoluvale-20-000-zeni-no-samo-edna-imala-najgolema-mokj-zenite-vo-kineskiot-carski-harem-ziveele-po-bizarni-pravila-01.jpg

Животот во кинескиот царски харем на жените им изгледал бајковито, но подоцна станале свесни дека се целосно отуѓени од своите семејства и дека нивната главна задача била да му се допаднат на владетелот.

За време на царството во Кина, една од најважните задачи на императорот била да си обезбеди продолжување на династијата.

Затоа, секој император имал голем харем во кој имало хиерархија со три категории - царица, сопруги и придружнички.

За харемот се грижеле и машки евнуси.

Кинескиот царски харем била сложена и таинствена институција која опфаќала неколку династии и останал фасцинантен дел од историјата кој сѐ уште, донекаде, е енигма.

carot-go-zadovoluvale-20.000-zeni-no-samo-edna-imala-najgolema-mokj-zenite-vo-kineskiot-carski-harem-ziveele-po-bizarni-pravila-07.jpg

Како е создаден царскиот харем?

Оваа институција се развивала и проширувала во различни периоди, достигнувајќи го својот врв за време на династиите Минг и Ќинг.

Императорите од овие времиња имале повеќе жени и придружнички за да ги зајакнат политичките сојузи, да воспостават врски со влијателни семејства и да обезбедат продолжување на нивната лоза.

Династијата Минг (1368 – 1644 г.н.е.) претставувала значајна пресвртница во развојот на царскиот харем.

Императорот Џонгл особено го проширил системот, воведувајќи строги правила и протоколи кои го регулираат изборот и статусот на жените. Дворот станал центар на моќта, а изборот на придружнички често бил под влијание на евнуси и влијателни дворски службеници.

За време на династијата Ќинг (1644 – 1911 г.н.е.) харемот се развивал најмногу, при што императорот Кангси имал најголем број жени во кинеската историја - вкупно околу 40 сопруги и повеќе од 100 придружнички.

На тој начин обезбедувал политички сојузи и го одржувал општествениот поредок во судот.

carot-go-zadovoluvale-20-000-zeni-no-samo-edna-imala-najgolema-mokj-zenite-vo-kineskiot-carski-harem-ziveele-po-bizarni-pravila006.jpg

Како биле третирани жените?

Харемот бил сложен и хиерархиски систем со детална организациска структура, во која жените биле рангирани според статусот и односот со императорот.

Царицата имала најпочитувана позиција во харемот. Во царството ја нарекувале „мајка на светот“, а само царот и неговата мајка имале поголема политичка моќ од неа.

Таа била официјална сопруга на царот и имала значително влијание врз дворските работи.

Царицата можела и да напредува доколку царот почине штитејќи го нејзиниот живот. Тогаш станувала царева вдовица.

Таков бил случајот со Ву Цетјен од династијата Танг, која била првата жена која седнала на престолот во Кина. Подоцна истото го доживеала и Сикси од династијата Ќинг.

carot-go-zadovoluvale-20-000-zeni-no-samo-edna-imala-najgolema-mokj-zenite-vo-kineskiot-carski-harem-ziveele-po-bizarni-pravila-002.jpg

Сопруги во харемот

Под царицата биле царските сопруги, препознатливи по нивната исклучителна убавина, талент или придонес за императорот.

Овие жени ималe значителна моќ и често биле вклучени во политички интриги.

Нивниот број и влијание се менувале од династија во династија.

Позицијата на царска сопруга била многу посакувана, што довела до интензивно ривалство меѓу жените.

Конкубините ја сочинувале најголемата група во харемот, составена од жени избрани поради нивната физичка убавина, шарм или посебни вештини.

carot-go-zadovoluvale-20-000-zeni-no-samo-edna-imala-najgolema-mokj-zenite-vo-kineskiot-carski-harem-ziveele-po-bizarni-pravila-004.jpg

Избор на конкубини се одржувал на секои три години, а кандидатките на возраст од 14 до 16 години се избирале според потеклото, доблестите, однесувањето, личноста и физичката состојба.

Тие биле рангирани во различни категории врз основа на нивната наклонетост кон императорот. Додека некои живееле во луксуз, други воделе поскромни животи.

Децата родени од нив се сметале за легитимни наследници.

Императорот можел да има до девет високопозиционирани придружнички, 27 средно рангирани и 81 конкубина од низок ранг. За време на династијата Хан немало ограничување на бројот на сопруги, а императорите Хуан и Линг имале по 20.000 жени кои живееле во Забранетиот град.

На следната страница прочитајте во какви услови живееле жените во харемот...



Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
Жените самите бараат да бидат камшикувани во племе во Етиопија (колку повеќе лузни - толку поголема ... Хрватот Кристијан Иличиќ престојува во Етиопија и ни споделува трагични детали о...
Како помина вселенското патување на Лорен Санчез и Кети Пери со женски екипаж + зошто јавноста ја ис... Кети Пери им пеела во капсулата, па ја бакна земјата откако се вратија назад. Ка...
Бизарниот „харем од мајки“ на Илон Маск: Им нудел милиони долари на жени за да му раѓаат деца, памет... Според последната жена која излезе со тврдење дека родила дете од Илон Маск, мил...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg