„Не е возможно да е истата жена“ - Турски пластичен хирург објави фотка од неверојатна трансформација и предизвика лавина реакции
- Детали
- среда, 20 септември 2023
„Не е возможно ова да е истата жена“, „Ова сигурно се две различни личности“, „Тоа се мајка и ќерка“ – коментираат дел од следбениците на турска клиника за естетска хирургија каде беа објавени фотографии од неверојатна трансформација на една жена, кои поттикнаа лавина реакции.
На Инстаграм профилот на клиниката за естетска хирургија во Турција „Dr. May“ се објавени повеќе фотографии од трансформациите на нивни задоволни клиенти, а за една од нив се разви вистинска дебата.
„Нашата прекрасна пациентка Госпоѓа Дилек по 2 години операции за ринопластика, затегање на лицето и поткревање на очните капаци“ – стои во описот до серијата фотографии на кои може да се види сериозна трансформација на лицето на жената.
https://www.instagram.com/p/CxBLwYhqr84/?img_index=1
Станува збор за 68-годишна пациентка која, наводно, по повеќе операции изгледа видно помладо, а нејзините фотки станаа хит на социјалните мрежи.
Никој не верува дека станува збор за истата жена. Сите забележуваат дека освен што кожата е позатегната, пациентката има видно поисполнети усни, носот е помал, а и бојата на очите ѝ е различна.
„Не е возможно тоа да е истата жена“, „Ова сигурно се две различни личности“, „Лажете, тоа се мајка и ќерка“, „Па, дури и бојата на очите сте ѝ ја промениле“, „Што направивте, ѝ трансплантиравте ново лице?“ – стои во дел од коментарите.