Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Мислев дека бебето починало“ - Девојка од САД го згрози светот откако ја најави бременоста со фотосесија со тема „погреб“

„Мислев дека бебето починало“, „Ова е лудо, зошто бременоста ја третираш како смрт?“ – стои во дел од коментарите објавени под фотографиите на младата Американка која направи трудничка фотосесија со тема „погреб“ и привлече внимание во сите светски медиуми.

majka-od-sad-napravi-bizarna-trudnichka-fotosesija-so-tema-pogreb-zhalam-za-mladosta-i-slobodata-01.jpg

Шеридан Логсдон (23) од Кентаки, САД, направи трудничка фотосесија со тема погреб, а нејзините фотки се најдоа во голем број светски медиуми и предизвикаа лавина реакции.

Фотографиите на кои таа носи краток фустан со прерамки и црн вел, па ги брише солзите со шамивче, а во раце ги држи фотографиите од ехо-прегледот предизвикаа лавина од негативни коментари кај нејзините следбеници.

„Жалам затоа што веќе нема да бидам слободна без деца. Во цутот на младоста, на 23 години, младата и згодна, богата тетка се претвори во мајка.

majka-od-sad-napravi-bizarna-trudnichka-fotosesija-so-tema-pogreb-zhalam-za-mladosta-i-slobodata-02.jpg

Шега настрана, многу сум возбудена да го започнам ова ново поглавје во мојот живот.

Сѐ уште не можам да верувам, но бебето расте во мене“ – напиша таа до фотографиите и најави дека наскоро ќе организира забава за откривање на полот.

majka-od-sad-napravi-bizarna-trudnichka-fotosesija-so-tema-pogreb-zhalam-za-mladosta-i-slobodata-03.jpg

Коментарите од нејзината фотосесија привлекоа голем број коментари. Додека едни сметаат дека девојката била мошне креативна и смешна, други сметаат дека ова е несолена шега.

„Мислев дека бебето починало“;

„Ова е лудо! Зошто ја третираш бременоста како смрт?“;

„Воопшто не ми се допаѓа црната тематика, но честитки“ – стои во дел од коментарите.

majka-od-sad-napravi-bizarna-trudnichka-fotosesija-so-tema-pogreb-zhalam-za-mladosta-i-slobodata-04.jpg

majka-od-sad-napravi-bizarna-trudnichka-fotosesija-so-tema-pogreb-zhalam-za-mladosta-i-slobodata-05.jpg

majka-od-sad-napravi-bizarna-trudnichka-fotosesija-so-tema-pogreb-zhalam-za-mladosta-i-slobodata-06.jpg

Што мислите вие? Дали ваквата фотосесија е креативна или бизарна?

Б. С. Б.  | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Почина папата Франциск на 88 години Ѕвоната на црквите ѕвонат низ Рим, а Ватикан ја потврди смртта на папата Францис...
Мајката која пред 16 години роди осумка зборува за предизвиците: „Забременив со ин витро, докторката... 16 години откако роди осумка, Натали Сулеман реши да прозбори за целото свое иск...
Мами воздишки и во шестата деценија, ужива во улогата на баба - Која е најубавата кралица во светот? Никој не може ниту да претпостави дека родила 4 деца, а најубавата кралица во св...
„Мајка ми живее со мене откако се породив, готви и се грижи да сум наспана - не сакам да си оди“ „Се будеше во 5:30 и почнуваше со својата рутина. За појадок ми правеше чај од ц...
1 во 200 милиони: Пар од Англија добил идентична тројка, откако лекарите ги советувале да абортираат... Млад пар од Англија во октомври добил идентична тројка, откако лекарите прогнози...
„За малку можел да се спаси“ – Што знаеме за трагичната смрт на британскиот доктор во Грција? Британскиот доктор и водител Мајкл Мозли беше пронајден мртов на малиот грчки ос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg