„На училиште ме исмејуваа поради изгледот, сега заработувам илјадници евра месечно од мојата убавина“

Ејприл Опал (18) била жртва на булинг во детството поради нејзиниот изглед. Но, како што растела, си го променила стилот и сфатила дека сепак е убавица. Денес таа заработува илјадници евра месечно продавајќи свои фотки.

na-uchilishte-me-ismejuvaa-poradi-izgledot-sega-zarabotuvam-iljadnici-evra-mesechno-od-mojata-ubavina-01.jpg

За жал, многу деца се соочуваат со малтретирање на училиште, и тоа за најбанални работи, како нивниот изглед.

Со ова се соочувала и 18-годишната Ејприл Опал од Англија.

Во детството, младата девојка имала прекумерна тежина, вели дека ја гледале како „чудак“, како и дека сите ѝ се потсмевале за изгледот.

na-uchilishte-me-ismejuvaa-poradi-izgledot-sega-zarabotuvam-iljadnici-evra-mesechno-od-mojata-ubavina-02.jpg

Но, денес, Ејприл заработува токму од нејзиниот изглед и вели дека уште ѝ е чудно да се навикне на нејзината убавина.

„Бев чудно дете и како што растев, не се подобрував.

Бев многу критикувана за изгледот, никој не сакаше да се дружи со мене, никој не ме сакаше“, открива таа.

Тој период се фокусирала само на училиштето и планирала да се запише на Оксфорд или на Кембриџ.

Но, како што растела, почнал да се менува и нејзиниот изглед.

Ејприл си го променила стилот, почнала да користи шминка и сфатила дека изгледа прекрасно.

Кога, пак, на Инстаграм почнала да добива понуди да продава нејзини фотографии, одлучила тоа да го претвори во бизнис.

Па, денес Ејприл заработува и до 30.000 евра месечно од нејзините фотки. Еден од нејзините клиенти, кој ја немал ни видено во живо, дури ја побарал и за жена.

Сепак, и покрај пресвртот во нејзиниот живот Ејприл истакнува дека малтретирањето од училиште до денес има влијание врз неа.

„Се чувствувам како постојано да чекам сите да ми речат: ’Се шегуваме, уште мислиме дека си истото чудно дете‘“.

Погледнете уште неколку фотографии од Ејприл:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...

Најчитани неделава