Маж (26) се оженил со старица (80) која ја запознал на погребот на син ѝ - По 8 години брак вели дека и понатаму е лудо заљубен

„Ја запознав љубовта на мојот живот кога имав 18 години, а таа имаше 71 година. Осум години подоцна секој ден сè повеќе се заљубуваме“, вели маж кој сопругата ја запознал на погребот на нејзиниот син, а 2 недели подоцна ја запросил.

mazh-26-se-ozhenil-so-starica-80-koja-ja-zapoznal-na-pogrebot-na-sin-i-po-8-godini-brak-veli-deka-i-ponatamu-e-ludo-zaljuben-01.jpg

Гери Хардвик (26) од Тенеси, САД, бил тинејџер кога се оженил со 53 години постарата Алмеда Ерел (80). Кога се венчале во 2015 година, Алмеда имала 71 година.

Парот се запознал на погребот на синот на Алмеда, а по две недели од запознавањето тој ја побарал за сопруга. Брзо потоа се венчале и неодамна прославија 8 години во брак.

345890178_977755186728396_4029733059912697182_n.jpg

Гери неодамна сподели видео на ТикТок, со кое ја одбележа нивната годишнина од брак, а во видеото раскажа детали за тоа како ја запознал својата сопруга.

„Ја запознав љубовта на мојот живот кога имав 18 години, а таа имаше 71 година. Осум години подоцна секој ден сè повеќе се заљубуваме“, вели тој.

210090044_236831091389075_4631073172822339507_n.jpg

На фотките и видеата што ги споделуваат на Инстаграм, Гери ја опишува Алмеда како негова „бејби-кукла“ и „кралица“.

„Ти си најневеројатната сопруга на светот. Прекрасна и вистинска жена со златно срце. Јас сум среќен за секој ден кога ќе се разбудам покрај тебе.

Ме правиш најсреќен маж секој ден и сакам секогаш да те правам најсреќна жена. Ти го заслужуваш светот и до мојот последен здив ќе работам напорно за да ти го дадам тоа“, напиша неодамна тој на Инстаграм, во објавата со која ѝ го честиташе 80-тиот роденден.

Освен што имаат заеднички профили на ТикТок и Инстаграм, тие дури и имаат заеднички профил на OnlyFans и им продаваат експлицитна содржина на нивните претплатници.

Гери, претходно зборувал и за нивниот сексуален живот.

„Првиот пат кога водевме љубов беше на нашата брачна ноќ. Тоа беше неверојатно искуство. Имаше многу длабока поврзаност. Таа е прекрасна љубовница“, вели Гери.

271776214_618374359378962_6561258324618304966_n.jpg

Но, поради разликата во години, многумина ги осудиле, а меѓу нив е и синот на Алмеда, кој прекинал секаква комуникација со мајка си.

Погледнете го видеото:

https://www.tiktok.com/@garyandalmedah/video/7186382072527785262?is_from_webapp=1&sender_device=pc&web_id=7205589128263910917

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...

Најчитани неделава