Мајка се жали: „Ќерка ми (10) бара да се шминка за да не ѝ се потсмеваат другарките“

„Овие девојчиња ставаат пудра, маскара и сјај за усни, значи не претеруваат, но сметам дека во основно училиште нема потреба од овие продукти“ – мајка од САД споделува како нејзината ќерка на 10 години се жали дека соучениците ја исмеваат затоа што не се шминка за во училиште.

majka-se-zhali-kjerka-mi-10-bara-da-se-shminka-za-da-ne-i-se-potsmevaat-drugarkite-01.jpg

На сите ни е јасно дека времињата во голема мера се променети и дека детството на нашите деца е многу поразлично од нашето. Додека наша главна преокупација беа игрите на улица и дружењето надвор, денес децата се опседнати со некои други работи.

Под влијание на YouTube туторијалите за шминка што се постојано достапни, видео игрите во кои главна задача на девојчињата им е да ги шминкаат и дотеруваат своите ликови, како и некои цртани филмови, се чини дека денес девојчињата од многу помала возраст почнуваат да се интересираат за шминка и мода.

majka-se-zhali-kjerka-mi-10-bara-da-se-shminka-za-da-ne-i-se-potsmevaat-drugarkite-02.jpg

Исповеста на оваа мајка од САД, раскажува за дилемата со којашто таа се соочува во воспитувањето на нејзината 10-годишна ќерка.

Шона Хендли за своето искуство пишува во колумна објавена во NewYork Post, а во продолжение ви ја пренесуваме во целост:

„Кога имав 10 години целото слободно време го поминував надвор качувајќи се по дрвја со моите браќа и возејќи велосипед до игралиштето во нашата улица.

Се сеќавам дека носев облека што ми ја давала пријателката на мајка ми од нејзината ќерка и, ако сега малку ме фаќа срам кога ги гледам фотографиите, тогаш воопшто не ми беше грижа.

Сега, ќерка ми Ава има 10 години и целосно е поразлична од мене.

Нејзините приоритети се сконцентрирани на нејзиниот изглед, мода, нега на кожа, шминка – со други зборови, за работи за коишто јас почнав да водам сметка кога бев тинејџерка.

majka-se-zhali-kjerka-mi-10-bara-da-se-shminka-za-da-ne-i-se-potsmevaat-drugarkite-03.jpg

Воопшто не ми е проблем тоа што Ава е заинтересирана за мода и сака да си игра со стилот, бидејќи гледам дека тоа навистина ја интересира, но шминката ми пречи затоа што знам дека доаѓа од некое друго место.

Ова потекнува од нејзините другарчиња во петто и шесто одделение, кои се на возраст од 10 до 12 години и сакаат да експериментираат со шминка и тоа не само за викендите, туку и кога одат во училиште.

Од она што сум го видела и за што сум слушнала, овие девојчиња ставаат пудра, маскара и сјај за усни, значи не претеруваат, но сметам дека во основно училиште нема потреба од овие продукти.

Па, така кога Ава ми побара за роденденски подарок да ѝ купам шминка што ќе ја носи во училиште ѝ реков: ’не‘.

Ѝ објаснив дека е многу мала и дека шминката не е потребна во училиште, па дури и кога ќе биде во средно образование. Но, подоцна сфатив колку голем проблем е ова за неа, затоа што почна да плаче затоа што ѝ реков: ’не‘.

’Сите мои другарчиња носат и сите девојчиња. Не сакам да бидам единствена што не носи шминка за да не ме задеваат‘ – ми рече.

majka-se-zhali-kjerka-mi-10-bara-da-se-shminka-za-da-ne-i-se-potsmevaat-drugarkite-05.jpg

Погледнав во правилникот на училиштето и сфатив дека никаде нема правило поврзано со шминката и тоа не е проблем, но како мајка имам проблем.

Само сакам Ава да може да биде дете. Сакам да биде безгрижна и да не се преоптоварува со тоа како изгледа, како ја гледаат другите и да не мисли дека не треба да се промени за другите да ја прифатат.

Ава сè уште продолжува да ме моли да ѝ дозволам да носи шминка и станува сè повознемирена кога ѝ велам дека не може, но не знам колку долго ќе можам да се држам до мојот став.

majka-se-zhali-kjerka-mi-10-bara-da-se-shminka-za-da-ne-i-se-potsmevaat-drugarkite-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
Љубовта на норвешкиот фудбалер Халанд - на девојката фудбалерка ѝ купи чанта од 380.000 евра, растел... Тие се моќно модно дуо, а нивната љубовна приказна е уникатна – се познаваат од ...
Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...

Најчитани неделава