„На ќерка ми ѝ отстранија дел од мозокот бидејќи имаше епилепсија – денес без проблем зборува и чита“

Мора од САД е 16-годишна девојка која доживеала мозочен удар додека била во утробата на мајка си. Поради ова, уште на 4-месечна возраст добивала сериозни епилептични напади, а единствениот лек била операција со која ќе се отстрани оштетеното мозочно ткиво. Денес Мора нема напади, а без разлика што операцијата звучи страшно, таа може да зборува, да чита, да игра тенис, па дури и да учи алгебра.

kjerka-mi-imashe-epilepsija-na-4-mesechna-vozrast-lekarite-otstranija-del-od-mozokot-za-da-gi-sprechat-napadite-01.jpg

Во 2008 година, кога имала само четири месеци, Мора Либ од САД почнала да добива напади кои наликувале на епилептични.

На почетокот биле едвај забележливи, за наскоро да се зачестат и да почнат да се случуваат и по стопати дневно.

kjerka-mi-imashe-epilepsija-na-4-mesechna-vozrast-lekarite-otstranija-del-od-mozokot-za-da-gi-sprech-03.jpg

Тогаш нејзините родители дознале дека Мара доживеала мозочен удар додека била во утробата на мајка си, поради што левата хемисфера од мозокот ѝ била речиси целосно уништена. Ова, пак, придонело за развој на епилепсија.

Нејзините родители – Ен и Сет – морале да донесат мошне тешка одлука. Лекарите им рекле дека најголеми шанси да се спречат епилептичните напади е отстранување на оштетениот дел од мозокот.

Шокирани, родителите не биле сигурни дали сакаат да дозволат операција со која ќе се отстрани скоро половина од мозокот на нивната ќерка.

kjerka-mi-imashe-epilepsija-na-4-mesechna-vozrast-lekarite-otstranija-del-od-mozokot-za-da-gi-sprech-6.jpg

Но, лекарите им рекле дека оваа операција може да значи и живот за Мора. Односно, доколку не ја изведат, може да се јават оштетувања и на другата половина од мозокот.

„Лекар ни објасни дека мозокот на Мора претрпел многу. Постоеше ризик епилептичните напади да почнат да имаат влијание и на здравиот дел од мозокот, односно да почнат да се јавуваат напади и таму“, открива мајка ѝ.

kjerka-mi-imashe-epilepsija-na-4-mesechna-vozrast-lekarite-otstranija-del-od-mozokot-za-da-gi-sprech-05.jpg

Според магазинот People, за околу две третини од пациентите со епилепсија терапијата со лекови е сосема доволна.

Сепак, во случаи како на Мара, кога епилепсијата е поврзана со само еден дел од мозокот, операцијата е најдоброто решение

„Кога бебе има чести епилептични напади, мозокот не ги извршува нормалните функции. Развојот не само што стагнира, туку и забавува. Нашата цел е да ги запреме нападите што е можно побрзо.

Ако лековите функционираат, тоа е прекрасно. Ако не, тогаш бараме други опции, како операција“, открива за People д-р Пракаш Котагал, лекарот кој ја третирал Мара.

kjerka-mi-imashe-epilepsija-na-4-mesechna-vozrast-lekarite-otstranija-del-od-mozokot-za-da-gi-sprech-08.jpg

И, колку порано е направена операцијата, толку подобро за пациентот.

„Тогаш другата хемисфера може да преземе некои од функциите кои обично би ги изведувала оштетената хемисфера. Тоа е појава што ја нарекуваме невронска пластичност“, додава лекарот.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Мајка од Русија поради бизарен ТикТок предизвик падна и си го повреди ‘рбетот, 2 месеци по породувањ... 32-годишната Русинка балансира качена на врвот од кутија со бебешко млеко, поста...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава