„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци

70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки во светот. „Божја волја било да станам мајка на оваа возраст“ – вели таа.

bog-sakal-taka-70-godishna-zhena-od-uganda-rodi-bliznaci-01.jpg

На 29-ти ноември годинава Сафина Намукваја (70) од Уганда на свет донела момче и девојче со царски рез во болница во Кампала.

„Мајката се чувствува добро, разговара. Се движи сама кога ќе ѝ кажеме да стане“ – соопштуваат од болницата.

bog-sakal-taka-70-godishna-zhena-od-uganda-rodi-bliznaci-02.jpg

Инаку, се верува дека таа е најстара мајка во Африка.

Според пишувањата во светските медиуми, Сафина останала бремена со помош на ин витро оплодување во болницата. Со оглед на нејзината возраст, биле користени јајце клетки од донор и семена течност од нејзиниот сопруг.

bog-sakal-taka-70-godishna-zhena-od-uganda-rodi-bliznaci-03.jpg

Бебињата биле родени во 31-ва недела од бременоста и двете биле со тежина поголема од 1,3 килограми. Тие во моментов се во инкубатори и се во стабилна состојба.

„Се чувствувам одлично. Некои може да речат дека на 70 години сум премногу стара, но Бог одлучи дека ќе добијам близнаци на оваа возраст. Никој не може против Божјата волја“ – вели таа во изјава за медиумите.

bog-sakal-taka-70-godishna-zhena-od-uganda-rodi-bliznaci-04.jpg

Таа нагласи дека партнерот ја напуштил кога дознал дека ќе роди близнаци и воопшто не се ни појавил да ги посети во болницата.

Инаку, Сафина, првото дете го добила на возраст од 67 години во 2020-та година кога родила девојче, а вели дека ѝ се смачило луѓето да ѝ се потсмеваат затоа што нема деца.

„Се грижев за децата на другите луѓе и гледав како растат и ме напуштаат. Се прашував кој ќе се грижи за мене кога ќе остарам“ – вели таа.

bog-sakal-taka-70-godishna-zhena-od-uganda-rodi-bliznaci-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава