Инспиративна Русинка: Имала анорексија, а сега изведува опасни акробации во воздух

Даниела Драган започнала да води битка со животот откако со неа завладеала анорексијата. Но, откако ја победила суровата болест, таа сега на поинаков начин ја мами смртта.

bila-na-rabot-od-smrtta-poradi-anoreksija-a-denes-ja-mami-smrtta-na-poinakov-nachin-skoka-od-padobrani-i-izveduva-razni-rizichni-akrobacii-01.jpg

Анорексијата првпат ѝ се заканила откако Даниела била испратена во интернет во Велика Британија, далеку од нејзиниот дом во Русија. За неа, тоа било претежно стресно и тешко ѝ било да се вклопи, со оглед на тоа што не зборувала англиски јазик.

Нејзината болест постепено се влошувала за време на нејзиното образование, до толку што еден ден била толку слаба при што не можела повеќе да оди.

„Сакав да исчезнам и моите родители да ме забележат, па да видат дека не сум среќна и дека умирам“, вели таа.

bila-na-rabot-od-smrtta-poradi-anoreksija-a-denes-ja-mami-smrtta-na-poinakov-nachin-skoka-od-padobrani-i-izveduva-razni-rizichni-akrobacii-05.jpg

Нешто морало да се промени, па така, Даниела почнала да пробува некои од работите што отсекогаш сакала да ги прави, а една од нив била и изведување опасни акробации во воздух

Но, сега, години по нејзината болест, оваа 30-годишна девојка е непрепознатлива во споредба со она што била порано.

Сè започнало кога таа му предложила еден амбициозен и застрашувачки трик на нејзиниот пријател и експерт за падобранство, Тим.

Таа предложила да изведува акробации на долго платно, под балон со топол воздух, на 10.000 метри височина. Потоа, да ги ослободи рацете и да се нурне кон земјата со брзина 432 километри на час. Па, да го отвори својот падобран и да слета на земјата.

Пријателот се согласил.

bila-na-rabot-od-smrtta-poradi-anoreksija-a-denes-ja-mami-smrtta-na-poinakov-nachin-skoka-od-padobrani-i-izveduva-razni-rizichni-akrobacii-04.jpg

Организирањето на ова не било ни приближно лесно и за да се реализира вклучувал цела екипа од луѓе. Потребни биле шест месеци детално планирање и сите вклучени морале да бидат подготвени за најлошото сценарио.

Покрај сè, храбрата девојка на крајот постигнала нешто извонредно. Во снимките кои го одземаат здивот, Даниела елегантно танцува над облаците, додека се држи за две долги црвени парчиња материјал, виснати од балонот. Потоа, слободно паѓа низ облаците надвор од видното поле.

„Кога слетав, заборавив на обидот. Едноставно, не можев да верувам дека функционираше така без никакви повреди. Беше многу тешко, бидејќи свилата беше ладна и тешко се држеше, особено со тешкиот падобран.

Не знам како, но сето ова функционираше, по толку многу тренинзи и толку пречки, едноставно не можев да поверувам“.

Таа не запрела овде и продолжила да презема и други подвизи.

bila-na-rabot-od-smrtta-poradi-anoreksija-a-denes-ja-mami-smrtta-na-poinakov-nachin-skoka-od-padobrani-i-izveduva-razni-rizichni-akrobacii-03.jpg

Во врска со нејзината болест, Даниела вели: „Чувството на анорексија е како длабока темна дупка, што го цица животот од тебе“.

Оваа девојка вели дека е благодарна што ја победила болеста.

Таа верува дека клучот за излегување од темното место е да се обидете да промените нешто во животот, без разлика дали станува збор за работа, врска или место на живеење.

Погледнете дел од видеата на Даниела кои ќе ве остават без здив.

М. Ѓ | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
„По 8 спонтани абортуси конечно добив син – сопругот ја продаде колекцијата патики за да платиме ин-... „Не бев сигурна дека некогаш ќе добијам бебе, а сега го држам во раце“ – вели же...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg