Бил Клинтон сакал млади девојки – Сите детали за новите документи за педофилот Џефри Епстин

bil-klinton-sakal-devojkite-da-bidat-mladi-site-detali-za-novite-dokumenti-za-djefri-epstin-05.jpg

Во објавениот документ се најдоа Мајкл Џексон, илузионистот Дејвид Коперфилд, Стивен Хокинг, поранешниот премиер на Израел Ехуд Бурак, како и поранешниот претседател на САД Бил Клинтон, за кого наводно Епстин рекол дека ги сака девојките млади.

Сепак, повторно нагласуваме дека не сите имиња кои се во документите ги користеле услугите што ги нудел Епстин.

Епстин имал свој приватен остров на Девствените Острови каде одел со приватен авион, а со два хеликоптера носел малолетни девојки кои потоа учествувале во оргиите што ги организирал.

Прочитајте и Детален преглед на педофилскиот остров за оргии на милијардерот Џефри Епстин

bil-klinton-sakal-devojkite-da-bidat-mladi-site-detali-za-novite-dokumenti-za-djefri-epstin-02.jpg

За потсетување, Епстин беше уапсен во Флорида, САД, откако беше обвинет дека му платил на 14-годишно девојче за секс.

Голем број други малолетни девојчиња излегоа со тврдење дека биле жртви на слично сексуално насилство, но обвинителите му дозволија да се изјасни за виновен во 2008-ма година за насилство врз само една жртва,

По ова, тој отслужи 13 месечна казна во затворска програма за работа.

bil-klinton-sakal-devojkite-da-bidat-mladi-site-detali-za-novite-dokumenti-za-djefri-epstin-03.jpg

По обвинувањата, голем број негови поранешни соработници му го свртеа грбот, како поранешните претседатели Бил Клинтон и Доналд Трамп, но во наредните 10 години престапникот живееше слободен живот и продолжи да се занимава со хуманитарна работа.

Во 2019-та година беше објавен текст во Miami Herald, по што повторно интересот за него порасна и во 2019-та година Епстин беше уапсен под обвинение за подведување и заведување малолетнички за сексуална злоупотреба.

Епстин се самоуби во затвор додека го чекаше судењето.

Според информациите во некои медиуми, две недели пред да посегне по сопствениот живот, тој седел во аголот на неговата затворска ќелија и ги покривал ушите за да го прикрие звукот на тоалетната школка, во која постојано течела вода.

bil-klinton-sakal-devojkite-da-bidat-mladi-site-detali-za-novite-dokumenti-za-djefri-epstin-08.jpg

Себе си се нарекувал „кукавица“ и постојано се жалел дека не може да се адаптира на животот зад решетки, откако претходно живеел во луксуз.

Епстин прво се обидел да се самоубие и бил ставен под психијатриски надзор, откако било забележано дека неговиот врат има модринки и рани, но по само 31 час од надзорот, успеал да ги убеди лекарите дека нема намера да посегне по животот.

На 19-ти август тој бил најден мртов во ќелијата.

Освен Епстин, беше обвинета и неговата девојка Гислејн Максвел, која е осудена на 20-годишна затворска казна.

Прочитајте и Синот на кралицата Елизабета, принцот Ендру, фотографиран во домот на педофилот Џефри Епстин

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
„Зависна сум од солариум – ми се појавија чудни израстоци на кожата, но сепак одам секој ден“ Млада Британка за себе вели дека е зависна од солариум и оди секој ден по 30 мин...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Се вљубив во воин од племе во Кенија – ги оставив сопругот и децата за него, но направив огромна гр... Додека била на одмор во Кенија, жена од Англија се вљубила во воин од племето Ма...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg