Мајка ѝ не знаела дека ќе го намалува желудникот: Детали за смртта на Британката заради која авион принудно слета во Белград

Млада Британка почина во болница во Србија, по компликации од операција за намалување на желудникот што ја направила во Турција. Девојката летала кон дома, во Англија, кога состојбата ѝ се влошила, по што авионот принудно слетал во Белград. За британските медиуми, мајка ѝ открива дека дознала за операција дури кога ќерка ѝ тргнала на пат.

majka-ne-znaela-deka-kje-go-namaluva-zheludnkot-detali-za-smrtta-na-britankata-zaradi-koja-avion-prinudno-sleta-vo-belgrad-01.jpg

Вчера српските медиуми ја пренесоа веста за трагичната смрт на 20-годишна Британка која починала во болница во Белград, по операција за смалување на желудникот изведена во Турција.

Девојката патувала со авион од Турција до Англија, кога здравствената состојба ѝ се влошила. Поради ова, авионот принудно слетал на аеродромот во Белград и на девојката ѝ била укажана здравствена помош, но, за жал, не преживеала.

Сега, за британскиот медиум Independent се огласи и мајката на девојката.

majka-ne-znaela-deka-kje-go-namaluva-zheludnkot-detali-za-smrtta-na-britankata-zaradi-koja-avion-prinudno-sleta-vo-belgrad-04.jpg

Починатата Морган Рибеиро ја направила операцијата во Турција на 5-ти јануари. Според нејзиниот дечко, Џејми Брустер, Морган се одлучила да ја направи операцијата во Турција бидејќи во Англија ќе требало да чека со години.

Операцијата поминала добро и три дена подоцна, Морган и дечко ѝ се качиле во авион за да се вратат во Лондон.

Но, за време на летот, состојбата на Морган се влошила и авионот слетал во Србија, по што таа била однесена во болница.

Според Independent, докторите му кажале на дечко ѝ дека Морган има септички шок, како и дека ќе треба да ѝ се направи операција.

Имено, за време на процедурата во Турција, на Морган ѝ било исечено тенкото црево и ова довело до инфекција.

majka-ne-znaela-deka-kje-go-namaluva-zheludnkot-detali-za-smrtta-na-britankata-zaradi-koja-avion-prinudno-sleta-vo-belgrad-06.jpg

На 9-ти јануари, девојката доживеала инфаркт, по што лекарите во Србија ја ставиле во индуцирана кома. Но, четири дена подоцна, Морган починала.

Неколку дена по трагичната смрт, мајката на Морган, Ерин Гибсон, дала изјава за британскиот Independent, истакнувајќи дека ќерка ѝ со години се соочувала со малтретирање поради вишокот килограми.

Притоа, мајка ѝ воопшто не знаела дека таа планира да прави операција во Турција.

„Додека растеше беше многу малтретирана. Отсекогаш имала проблеми со тежината и отсекогаш била поголема девојка, а имаше многу тешкотии со ова.

Јас ѝ кажував дека е убава и однадвор и однатре, навистина беше прекрасна девојка“, вели мајка ѝ за британскиот медиум.

majka-ne-znaela-deka-kje-go-namaluva-zheludnkot-detali-za-smrtta-na-britankata-zaradi-koja-avion-prinudno-sleta-vo-belgrad-05.jpg

Морган имала онлајн консултација за операцијата во септември 2023-та и набрзо потоа ја закажала процедурата во Турција.

Но, сестра ѝ дознала за нејзината намера дури на 25-ти декември. Нејзината мајка, пак, дознала многу подоцна.

„Кога открив, веќе беше многу доцна, Морган веќе беше во авионот. Имав лошо чувство бидејќи сум слушала за негативни искуства. Не сакам ова да ѝ се случи на ниту една друга девојка“, додава мајка ѝ.

majka-ne-znaela-deka-kje-go-namaluva-zheludnkot-detali-za-smrtta-na-britankata-zaradi-koja-avion-prinudno-sleta-vo-belgrad-02.jpg

За британскиот медиум се огласи и дечкото на Морган, кој вели дека таа зборувала со лекарите за процедурата, но наводно не била свесна за ризикот од операцијата.

Тој открива дека операцијата траела околу два и пол часа, а откако Морган се разбудила, чувствувала неудобност. Сепак, лекарите ја увериле дека сè е во ред.

На патот кон дома, дечко ѝ Џејми вели дека таа имала треска и чувствувала болка.

„Стјуардесата ѝ даде мраз и вода, ѝ беше тешко да дише, па ја однесоа на предниот дел од авионот каде што имаше повеќе простор.

Пробаа да ѝ дадат маска со кислород. Знаев дека се случува нешто сериозно“, открива момчето.

majka-ne-znaela-deka-kje-go-namaluva-zheludnkot-detali-za-smrtta-na-britankata-zaradi-koja-avion-prinudno-sleta-vo-belgrad-03.jpg

Сега семејството на Морган пробува да собере пари за пренесување на нејзиното тело од Србија во Англија.

Според Independent, тие верувале дека трошоците за транспортот и погребот веројатно ќе бидат повисоки од 10.000 евра.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка од Русија поради бизарен ТикТок предизвик падна и си го повреди ‘рбетот, 2 месеци по породувањ... 32-годишната Русинка балансира качена на врвот од кутија со бебешко млеко, поста...
„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава