Мајка си го „киднапирала“ бебето за да докаже дека таткото е неодговорен - Го подели мислењето на јавноста

„Зедов слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина час и се вратив назад. Сопругот веќе спиеше, со слушалки кои ја задушуваат вревата. Го зедов бебето и отидовме на гости кај другарка, а по 2 часа му се јавив за да му кажам дека ќе си дојдам порано. Почна да паничи...“

ajka-si-go-kidnapirashe-bebeto-za-da-dokazhe-deka-tatkoto-e-neodgovoren-i-gi-podeli-mislenjata-01.jpg

29-годишна жена на Редит раскажа за проблемите кои ги има со својот мрзелив сопруг, кој освен што не работел, не се грижел доволно ни за нивното бебе.

За да му одржи лекција, таа решила да го „киднапира“ бебето. Но, реакциите на социјалните мрежи се поделени.

„Пред неколку месеци се вратив на работа, во време кога мојата ќерка имаше само 4 месеци. Не е евтино бебето да го оставам во градинка, па мојот 35-годишен сопруг рече дека ќе ја чува.

Важно е да кажам и дека тој не работи од 2021 година и прима помош од државата. Но, од друга страна, тој е и многу мрзелив - не готви, не чисти, не ми помага дома на никој начин.

Иако бев нервозна што ќе ја оставам ќерката со него, немав избор.

Кога си дојдов од работа првиот ден, таа спиеше, а пелената ѝ беше чиста. И следните денови кога се враќав, сè беше во најдобар ред - тој си играше со бебето, ја хранеше или беа излезени на прошетка. Ми олесна, да бидам искрена.

majka-si-go-kidnapirashe-bebeto-za-da-dokazhe-deka-tatkoto-e-neodgovoren-i-gi-podeli-mislenjata-04.jpg

Но, пред неколку дена, една сосетка ми кажа дека штом ќе излезам од дома, бебето почнува да плаче неконтролирано и дека плачењето трае со часови. Таа ѕвонела на врата, но на мојот сопруг му требале неколку минути да отвори, бидејќи спиел.

Така заклучив дека тој најверојатно спие по цел ден, а пред да си дојдам, почнува да се ангажира околу бебето и се преправа дека се грижи за неа.

Решив да земам слободен ден од работа, излегов од дома како вообичаено, почекав половина час и се вратив назад. Се изненадив кога видов дека тој веќе спие, со слушалки кои ја задушуваат вревата.

Влегов во собата на бебето, ја одведов кај другарка и по околу два часа му се јавив за да му кажам дека ќе си дојдам порано.

majka-si-go-kidnapirashe-bebeto-za-da-dokazhe-deka-tatkoto-e-neodgovoren-i-gi-podeli-mislenjata-03_copy.jpg

Тој прво почна да крева паника, па рече дека не може да го најде бебето и сакаше да се јави во полиција. Тогаш му кажав што сум направила за да му одржам лекција. Беше бесен, ме нарекуваше со многу погрдни имиња.

Кога се вратив дома, таму беше мајка му која пробуваше да го смири бидејќи имал паничен напад. Таа ме нарече идиот, па двајцата си заминаа.

Мојот сопруг реши дека ќе спие кај родителите, а неговите најблиски ми кажаа дека сум ужасна личност.

Сфаќам дека тоа што го направив е екстремно, но не заслужувам да ме нарекуваат идиот и да се однесуваат со мене како да сум згрешила нешто, посебно што тој не се грижи за бебето, го остава да плаче, не ја храни, не ѝ ја менува пелената, а сè за да се наспие“.

cute-girl-sleeping-cartoon-character-isolated_1308-48949.jpg

И корисниците на Редит се со поделени мислења.

Едни велат дека требала да разговара со сопругот и да се соочи со него наместо да го исплаши, бидејќи иако е неодговорен, тоа е сепак и негово дете.

Други, пак, сметаат дека ова му е мала казна за сè низ што минувало бебето додека плачело, било гладно или лежело во мокра пелена и дека кога би се нашле во иста ситуација, многу веројатно би го направиле истото.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Потресни сведоштва од терористичкиот напад во Сиднеј: „Стрелаа и кон деца, беше вистински масакр“ „Прво мислев дека мажот носи патерици, ми беше жал за него. Но, тогаш ја извади ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...

Најчитани неделава