Богата домаќинка мета на критики: „Љубовта е само за сиромашни, парите се поважни“

Изи Анаја, која е во брак со милијардер, честопати се соочува со критики поради контроверзните изјави. Таа ги советува девојките да не бараат љубов, туку пари, поради што некои ја нарекуваат лош пример за младите, па дури и „спонзоруша“.

ljubovta-e-za-siromasni-01.jpg

Изи Анаја е богата домаќинка, мажена е за милијардер и има два сина. Најмногу внимание привлекува со луксузниот живот, но и контроверзните изјави за љубовта.

На пример, таа верува дека лесно можете да научите да сакате некого доколку има приватен авион.

Изи Анаја себеси се нарекува „главен извршен директор на нејзиното семејство“ а вели дека нејзиниот сопруг постојано работи и често е отсутен од дома.

„Бидете подготвени сами да ги воспитувате децата бидејќи вашиот сопруг нема да се враќа дома во пет часот“, рече таа во видео на ТикТок.

Оваа богата домаќинка ги советува младите девојки да најдат маж кој ќе може да ги издржува. Односно, вели дека парите се поважни од љубовта, поради и што се соочува со критики.

ljubovta-e-za-siromasni-03.jpg

„Еднаш сакав маж... но брзо ме научи дека љубовта е за сиромашните и за грдите. Ние убавите девојки имаме можност - искористете ја!

Можете да научите да сакате секого од 14.000 метри на небото во приватен авион, ветувам“, гласи една од нејзините контроверзни изјави.

Сопругот на Изи, наводно, ѝ обезбедил приватен авион, куќа во Њујорк, луксузна викендичка во САД, безброј дизајнерски чанти...

„Јас и мојот 'sugar daddy' се запознавме на интернет пред 10 години. Се забавувавме околу шест месеци, а потоа се веривме и се венчавме шест месеци подоцна“, објасни Анаја во едно од своите видеа.

Сепак, таа предупреди дека гламурозниот начин на живот може да биде осамен ако не сте подготвени за тоа.

Поради својот поглед на животот, таа честопати е и критикувана, а добива и коментари дека е вистинска „спонзоруша”.

„Постојано читам секакви негативни коментари, но знаете, не е сè за секого. Не секој сака бело вино - не може сите да ме сакаат“.

Други следбеници претпоставуваат дека нејзиниот сопруг ја изневерува, но таа им одговори дека многу жени кои се во нејзината ситуација имаат афери поради целото слободно време што го имаат.

Изи има над 115.000 следбеници на ТикТок и речиси 30.000 на Инстаграм.

ljubovta-e-za-siromasni-05.jpg

Пред да се омажи, таа работела како лична асистентка и постојано била во кругот на богати луѓе. 

„Сама направив со мојата работа да влезам во светот во кој сакав да завршам. Не треба да барате приказна за Пепелашка за да запознаете маж кој ќе ве однесе во тој свет - ставете се сами во овој гламурозен свет“.

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Татко го фрла синот (7) од висока карпа во вода - видео што го разлути светот и ги подели мислењата „Ова изгледа страшно, овој татко е премногу груб кон детето“... се некои од осуд...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Во љубов е со милионер една глава понизок од неа - Зошто врската на манекенката Викторија Силвстед ј... Актерката, модел, пејачка и поранешна Плејбој зајачица, Викторија Силвстед (51),...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...

Најчитани неделава