Каде се денес вистинските ликови од „Griselda“, новата популарна серија на Нетфликс?

Синот на Гризелда води успешен бизнис со марихуана, додека нејзиниот сопруг е мртов и има гласини дека таа го нарачала убиството – каде се денес вистинските ликови од хит-серијата на Нетфликс?

kade-se-denes-vistinskite-likovi-od-griselda-novata-popularna-serija-na-netfliks-01.jpg

Новата мини-серија на Нетфликс – Griselda – со Софија Вергара во главната улога ја раскажува приказната за Гризелда Бланко која била на челото на еден од најмоќните картели во светот.

Кога била на врвот, се верува дека Гризелда била помоќна и од озлогласениот Пабло Ескобар, а во периодот на нејзиното владеење во 1970-тите и 1980-тите, таа станала и милијардер.

Гризелда била нарекувана „кума на кокаинот“ и заработувала по 80 милиони долари месечно. Притоа, одела до екстреми за да ја победи конкуренцијата и се верува дека е одговорна за смртта на околу 200 нејзини противници.

Во серијата, покрај Гризелда, се претставени и неколку луѓе кои биле блиски до неа и ѝ помагале да ја води својата нарко империја.

Во продолжение, погледнете што се случило со нов и каде се денес:

Гризелда Бланко

Откако била фатена, Гризелда добила 15-годишна затворска казна, но ова не ја спречило да продолжи да ја води својата империја.

Првично била осудена за шверц на дрога, но во 1994-та еден од нејзините платени убијци сведочел против неа. По ова, била осудена и за три убиства.

kade-se-denes-vistinskite-likovi-od-griselda-novata-popularna-serija-na-netfliks-03.jpgСцена од серијата

Таа признала вина обидувајќи се да добие помала казна, па била ослободена по 10 години.

Оттаму била вратена во родната Колумбија и според некои извори се „пензионирала“ и повеќе не се занимавала со криминал.

Во 2012-та, додека излегувала од продавница, Гризелда била застрелана и убиена. На денот на смртта имала 69 години.

kade-se-denes-vistinskite-likovi-od-griselda-novata-popularna-serija-na-netfliks-02.jpgГризелда

Четирите сина на Гризелда

Тројца од синовите на Гризелда – Диксон, Освалдо и Убер – биле убиени кратко откако таа завршила зад решетки.

Единствениот преживеан е Мајкл Корлеоне Бланко кој денес има 41 година, а долг период тој го водел семејниот бизнис со дрога.

Голем дел од неговото семејство било убиено или зад решетки, па тој израснал со баба му.

kade-se-denes-vistinskite-likovi-od-griselda-novata-popularna-serija-na-netfliks-04.jpgСцена од серијата

За него се грижеле и легални старатели, а самиот има изјавено дека им давал пари на овие луѓе за да живее со нив.

Во 2012-та бил во домашен притвор поради шверц на кокаин, а по завршувањето на казната, пробал да си го среди животот.

Всушност, денес тој е јавна личност и имаше свое реално шоу на телевизијата VH1.

Моментално живее во Мајами со сопругата и нивните три деца. Води и успешен бизнис за марихуана.

kade-se-denes-vistinskite-likovi-od-griselda-novata-popularna-serija-na-netfliks-05.jpgМајкл Корлеоне Бланко

Хорхе „Риви“ Ајала-Ривера

Риви бил еден од платените убијци на Гризелда.

Морничавиот лик што е претставен во серијата бил премногу сличен со вистинскиот Риви.

Интересно е што бил уапсен поради грабеж на банка во Чикаго. Дури откако го фатиле, од полицијата сфатиле дека тој е и главниот убиец на Гризелда.

kade-se-denes-vistinskite-likovi-od-griselda-novata-popularna-serija-na-netfliks-06.jpgСцена од серијата

Тој се согласил да сведочи против Гризелда, но неговото сведоштво било отфрлено бидејќи се замешал во секс скандал со две од секретарките кои работеле во канцеларијата на обвинителот.

Во 1993-та признал вина за три убиства и добил доживотна казна затвор.

Наводно, во 2013-та побарал намалување на казната, но барањето му било одбиено и моментално се наоѓа во затвор.

kade-se-denes-vistinskite-likovi-od-griselda-novata-popularna-serija-na-netfliks-07.jpgРиви фотографиран во судница

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„По 8 спонтани абортуси конечно добив син – сопругот ја продаде колекцијата патики за да платиме ин-... „Не бев сигурна дека некогаш ќе добијам бебе, а сега го држам во раце“ – вели же...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg