Мајка на девојче (13) кое било спасено од принуден брак со братучед: „Сопругот нѐ измами“

„Во август минатата година отидовме во Пакистан на одмор, а таму, сопругот нѐ измами и двете. Тој нѐ напушти, нѐ остави со неговите роднини и се врати во Англија“ – мајка од Англија го споделува хоророт што ѝ го приредил сопругот, кој сакал да ја омажи нивната малолетна ќерка.

majka-na-devojche-13-koe-bilo-spaseno-od-prinuden-brak-so-bratuched-soprugot-n-izmami-01.jpg

Британските медиуми ја пренесуваат веста за 13-годишното пакистанско девојче кое било однесено во родната земја за таму да се венча со возрасен прв братучед, откако претходно таткото во тајност го договорил бракот.

Како што пишува Daily Mail, девојчето било спасено и сега е вратено во Велика Британија, благодарение на мајката која пратила порака до соседите во Англија од кои побарала помош.

„Пратив порака до соседите за помош, затоа што моето дете требаше да биде омажено за возрасен маж, по наредба на татко ѝ. Во август минатата година отидовме во Пакистан на одмор, а кога стигнавме таму, сопругот нѐ измами и двете.

Тој нѐ напушти, нѐ остави со неговите роднини и се врати во Англија.

Сестра му ми рече дека ќерка ми треба да се омажи за еден 19-годишен братучед, иако таа е сѐ уште дете.

Бев очајна да ја спасам. Мојот сопруг ми го уништи мобилниот телефон со чекан. Ни ги зеде парите и нашите пасоши ги предаде на семејството“ – раскажува 40-годишната мајка, која сака да остане анонимна.

majka-na-devojche-13-koe-bilo-spaseno-od-prinuden-brak-so-bratuched-soprugot-n-izmami-02.jpg

Дури два месеца подоцна, во октомври, мајката успеала да стапи во контакт со сосетката која била член на организација која се залага против насилство на жените, Jeena International.

Сосетката, по ова, ги контактирала британската полиција, социјалните работници и владината единица која се справува со присилни бракови.

Членовите на британската амбасада во Пакистан ги принудиле членовите на семејството на 52-годишниот татко да ги вратат пасошите, по што била издадена наредба, а мајката и девојчето да се вратат во Лондон.

„Во Пакистан, таа не одеше во училиште 5 месеци. Таа беше чувана внатре и мислам дека слушна кои беа плановите за неа и беше преплашена. Ми рече дека не сака никогаш повеќе да го види татко ѝ“ – раскажува мајката.

majka-na-devojche-13-koe-bilo-spaseno-od-prinuden-brak-so-bratuched-soprugot-n-izmami-03.jpg

Таа појаснува дека братучедот со кого девојчето требало да се омажи бил син на сестрата на нејзиниот сопруг.

Иако е забрането, властите во Англија веруваат дека околу 300 девојчиња годишно од Индиско-пакистанската заедница се жртви на малолетни присилни бракови.

Мајката на девојчето, која и сама била омажена во таков брак, вели дека ја раскажува приказната како предупредување до другите мајки во заедницата, за да знаат што може да се случи со нивните девојчиња еден ден.

majka-na-devojche-13-koe-bilo-spaseno-od-prinuden-brak-so-bratuched-soprugot-n-izmami-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
Детали за случајот со мајката монструм од САД - Ја оставила 16-месечната ќерка сама дома и заминала ... Додека 10 дена бебето било оставено само дома во куќата во Охајо, мајка му патув...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg