Животниот пекол на зависник од кока-кола

zivotniot-pekol-na-zavisnik-od-koka-kola-povekjeБританецот Дарен Џонс кој неделно пие 42 литри кока кола, го открива сиот ужас на оваа своја необична зависност. Овој 38 годишен татко на две деца...


...не е ниту наркоман, ниту алкохоличар, па ниту пушач. Негова слаба точка е диеталната кока кола.

Дарен во просек пие 18 лименки кока кола дневно, што годишно го чини околу 3.500 евра. Во изминатите неколку години неговата состојба е толку влошена, што сега веќе не може да излезе од дома без шише кока кола. Доколку не ја испие својата дневна доза, станува многу нервозен и раздразлив.

Дарен, кој заради својата лоша навика тежи преку 220 килограми, сака да се обиде да се ослободи од оваа зависност која пречи не само на неговото здравје, туку и на неговиот брак.

Мислам дека сум вистински зависник. Се плашам дека набрзо ќе го допрам дното. Кога немам кока кола почнува да ме фаќа паника. Тоа е како со дрогата или алкохолот“ – изјавил за "Miror".

Кога се јавив во „Кока кола“ да ги прашам за совет, ми рекоа да ја разредам со вода, но вкусот беше грозен, а и не верувам дека ова би ми помогнало“ – раскажува Дарен чија цел е да оди во рехабилитационен центар за да се излечи од оваа зависност, но и на детоксикација.

И покрај тоа што има испиено огромни количини на кока кола, Дарен тврди дека е здрав.

Меѓутоа, докторите предупредуваат дека диеталната кока кола има вештачки засладувачи и кофеин чие зголемено консумирање може да доведе до сериозни здравствени проблеми.

Би можело да ве интересира:

„Син ми е бодибилдер на 14 години и држи строга диета – ме критикуваат, но јас сум горда“ Мајка на 14-годишен бодибилдер се соочува со критики бидејќи го охрабрува син ѝ ...
Со педофилот Џефри Епстин силувал малолетнички, го избркаа од семејството: Пропаста на братот на кра... Во потресни мемоари издадени постхумно, една од многуте жртви на Џефри Епстин де...
Крис Мартин од Coldplay се обрати на фан за скандалот со љубовниците: „Фала што дојде пак по дебакло... „Ти беше и на концертот во Бостон... Фала што дојде пак по дебаклот што се случи...
Британка (65) критикувана за дечкото (44) од Африка: „Му давам пари и му купувам подароци, сите мисл... 65-годишна жена од Англија пред две години го запознала 44-годиштнио Ебрима кога...
Не е Македонија, Холивуд е – ѓубре од шишиња и пуканки оставени низ салата по Оскарите (фото) „Толку ли е тешко да се фрли ѓубрето кога си одиш?“ – пишуваат во коментари. Ако...
Убави вести од 2025-та кои поминаа незабележано: Во Хелсинки немало ниту една жртва во сообраќајка Озонската дупка „се затвора“ многу побрзо од прогнозите на експертите, а во пери...

Најчитани неделава