„Ми ги отстранија двете гради поради рак - Гордо ги покажувам лузните за да им помогнам на другите жени“

„Кога ми беше дијагностициран рак, се приклучив на Фејсбук група за млади жени со рак на дојка. Членките на оваа група ми дадоа сила да можам да продолжам кога ќе се чувствувам изгубено. Знаев дека овие жени ќе разберат како се чувствувам и низ што поминувам“, раскажува фотографка која имала двојна мастектомија, а сега гордо позира без облека и ги покажува лузните, со цел да им ја врати самодовербата на другите жени во слична положба.

mi-gi-otstranija-dvete-gradi-poradi-rak-gordo-gi-pokazhuvam-luznite-za-da-im-pomognam-na-drugite-zheni-01.jpg

Во август 2020 година, само два дена по прославувањето на својот 36-ти роденден, на Амелија, фотографка од Торонто, ѝ бил дијагностициран рак на дојка. За неа ова било шокантно со оглед на тоа што е премногу млада.

„Кога ми беше дијагностициран рак, се приклучив на Фејсбук група за млади жени со рак на дојка - The Rethink Network: Your Breast Cancer Community

Членките на оваа група ми дадоа сила да можам да продолжам кога ќе се чувствувам изгубено. Знаев дека овие жени ќе разберат како се чувствувам и низ што поминувам“, раскажува Амелија.

gordo-pozija-bez-dvete-gradi-03_copy.jpg

Денес, откако успеа да го победи ракот, таа донира дел од секоја нејзина фотосесија за членките од оваа група.

Амелија е сопруга и мајка на две деца, а како некој што успеал да го победи ракот на дојка, вели дека постојано ја нагласува важноста на самопрегледите.

gordo-pozira-bez-dvete-gradi-04_copy.jpg

Во јули 2020 година Амелија почувствувала грутка во левата града. Истата година во септември ѝ била отстранета левата града.

Може да се каже дека цели три години ја следеле лоши моменти. Освен што самата била болна, татко ѝ починал во 2021 година, а истата година ја загубила и баба си.

Во ноември 2021 година ѝ биле отстранети јајниците и јајцеводите, а во февруари минатата година ја направила својата трета операција - профилактичка мастектомија на десната дојка со естетско рамно затворање.

„Дијагнозата на рак е навистина страшна реалност, но правам сè што можам за да останам здрава и без рак“, пишува Амелија на својот блог.

На Инстаграм, таа со своите следбеници споделува фотографии на кои позира гордо без двете гради и ги покажува лузните кои за неа значат ослободување од опаката болест.

„Мојата цел како фотограф е да го прикажам вистинското јас на моделите. Тоа е мојата омилена работа.

Несовршениот, див, смешен портрет кој навистина ве прикажува вас и вашите најблиски какви што сте“, вели Амелија.

gordo-pozira-bez-dvete-gradi-02.jpg

Секоја нејзина порака е дека раното детектирање на оваа болест е најважно, па поради тоа апелира на чести прегледи.

„Одвојте малку време денес да ги проверите градите, пазувите и долж вашата клучна коска за да забележите какви било промени“, порачува таа.

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
„Луѓе ми плаќаат 5.000€ да се појавам на нивниот погреб за да откријам мрачни тајни или да пренесам ... „Во името на една старица пред ужалените кажав дека таа не му е мајка на нејзини...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...

Најчитани неделава