Македонија е на 84-то место: Кои се најсреќните, а кои „најмизерните“ држави во 2024-та?

Македонија е на подобра позиција од лани, додека Финска, очекувано, повторно е на врвот – кои се најсреќните земји според официјалниот извештај на Обединетите Нации?

makedonija-na-84-to-mesto-koi-se-najsrekjnite-a-koi-najmizernite-drzhavi-vo-2024-ta-01.jpg

Секоја година, од Обединетите Нации изготвуваат извештај кој се фокусира на задоволството и среќата на жителите на земјите ширум светот.

Извештајот за 2024-та е објавен денес (20.03), а покажува дека кај Македонија има подобрување.

12-та година по ред, извештајот се изработува врз основа на анкети, во кои луѓето одговараат прашања поврзани со квалитетот на животот во нивната држава, а се земаат предвид и економски и социјални фактори, како животни трошоци, слобода на говор и слично.

Државите добиваат оценка од нула до десет, а оценките за 2024-та се всушност просек од анкетите направени во претходните три години, односно во периодот 2021-2023.

Најсреќната земја, Финска, има 7,741 поени, додека Авганистан, која е на дното, има само 1,721 поени.

makedonija-na-84-to-mesto-koi-se-najsrekjnite-a-koi-najmizernite-drzhavi-vo-2024-ta-05.jpg

Годинава, Македонија се наоѓа на 84-то место од 143 држави, што е мало подобрување за разлика од лани, кога се наоѓаше на 87-то место.

Вo извештајот, Македонија има оценка 5.369.

Од соседните држави, високо котираат Косово (29-тo место), како и Србија (37-мо место).

Грција го зазема 64-тото место, Бугарија e на 81-во, додека Албанија – 87-мо место.

makedonija-na-84-to-mesto-koi-se-najsrekjnite-a-koi-najmizernite-drzhavi-vo-2024-ta-03.jpg

10-те најсреќни држави, почнувајќи од најсреќната:

  • Финска
  • Данска
  • Исланд
  • Шведска
  • Израел
  • Холандија
  • Норвешка
  • Луксембург
  • Швајцарија
  • Австралија

makedonija-na-84-to-mesto-koi-se-najsrekjnite-a-koi-najmizernite-drzhavi-vo-2024-ta08.jpg

10-те најнесреќни држави, почнувајќи од последната:

  • Авганистан
  • Либан
  • Лесото
  • Сиера Леоне
  • Конго
  • Зимбабве
  • Боцвана
  • Малави
  • Есватини
  • Замбија
  • Јемен

Целиот извештај можете да го погледнете ТУКА.

Спирова С. | Црнобело

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Финска е најсреќна земја во светот 9-та година по ред, ние сме на 82-ро место – каде е најубаво за ж... Деветта година по ред Финска е на првото место на извештајот на најсреќни земји ...
Кејт Мидлтон со круна на принцезата Дијана, Доналд и Меланија главни гости: Како помина раскошниот б... Во замокот Виндзор се одржа државен банкет во чест на американскиот претседател ...
Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
Меланија Трамп ги засени сите на раскошната вечера со кралот и кралицата во Белата куќа – ја спореду... На раскошната вечра во Белата куќа каде почесни гости беа кралот Чарлс и кралица...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...

Најчитани неделава