Само една ги заработила милијардите со развод – Кои се 10-те најбогати жени во светот?

5. Мекензи Скот (35,6 милијарди)

Поранешната сопруга на основачот на Amazon, Џеф Безос, e единствената жена на листата на Forbes која заработила милијарди од развод.

Мекензи Скот (53) освен што ужива во богатството наследено од поранешниот сопруг, секоја година дава високи донации, па досега донирала речиси 17,3 милијарди долари.

samo-edna-gi-zarabotila-milijardite-so-razvod-koi-se-i-kako-izgledaat-10-te-najbogati-zheni-vo-svetot-04.jpg

4. Џеклин Марс (38,5 милијарди)

Џеклин Марс (84), заедно со нејзиниот брат Џон е сопственичка на компанијата за бонбони и храна за миленичиња Mars од Канада.

Тие ја делат компанијата со четирите ќерки на нивниот починат брат.

Компанијата произведува некои од најпознатите слатки во светот како M&M, Snickers, Ben’s Original и храната за кучиња Pedigree.

Компанијата била отворена од страна на дедо ѝ, Френк Марс во 1911-та година.

samo-edna-gi-zarabotila-milijardite-so-razvod-koi-se-i-kako-izgledaat-10-te-najbogati-zheni-vo-svetot-03.jpg

3. Џулија Коч (64,3 милијарди долари)

Џулија (61) е вдовица на Дејвид Коч, кој почина во 2019-та година. Таа и нејзините три деца наследија 42 отсто од Koch Industries, групација која има повеќе компании кои вклучуваат рафинерија за нафта, компанија за произвдоство на медицинска технологија, но и хартиени шамичиња.

samo-edna-gi-zarabotila-milijardite-so-razvod-koi-se-i-kako-izgledaat-10-te-najbogati-zheni-vo-svetot-09.jpg

2. Алис Волтон (72,3 милијарди долари)

Алис воедно е најбогата жена во Америка. Таа е наследничка на основачот на Walmart, Сем Волтон. Интересно е што за разлика од нејзините браќа, таа никогаш не сакала да биде дел од компанијата, туку целосно била фокусирана на уметноста.

samo-edna-gi-zarabotila-milijardite-so-razvod-koi-se-i-kako-izgledaat-10-te-najbogati-zheni-vo-svetot-06.jpg

1. Франсоа Бетанкур Мејер (99,5 милијарди)

Франсоа Бетанкур Мејер (70) веќе 4-та година по ред е на врвот на листата на најбогати жени во светот.

Таа е внука на основачот на француската компанија L’Oréal, која прозиведува некои од најпознатите брендови за козметика како Maybelline, Kiehl’s и Lancôme.

Франсоа ги наследи милијардите од нејзината мајка Лилиен која почина во 2017-та година, но мораше да помине долг и трнлив пат до своето наследство.

samo-edna-gi-zarabotila-milijardite-so-razvod-koi-se-i-kako-izgledaat-10-te-najbogati-zheni-vo-svetot-08.jpg

Прочитајте и Мајка ѝ ја избришала од тестаментот, за милијардите морала да се бори на суд - Факти за најбогатата жена во светот, Франсоа Бетанкур

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
Вториот сопруг ѝ загина, фати двајца сопрузи во неверство - Бурниот љубовен живот на Каролина од Мон... Првпат се омажи на 21 година со познат плејбој, а родителите се противеа на тој ...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Родена во куќа од кал, уапсена е за наркотици, а сега е најмоќната жена на светот: Која е првата дам... Силија Флорес не е претседател на Венецуела, не седи на официјалната фотелја на ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...

Најчитани неделава