Позната Британка (34) гордо позира со стома, по отстранувањето на дебелото црево: „Оваа ќеса живот значи“

„Нели е малку бизарно што оваа мала сива торба е цената што морам да ја платам за подобро здравје?“ – вели Британката Луиз Томпсон на која моралo да ѝ биде отстранет дел од дебелото црево заради улцеративен колитис.

poznata-britanka-34-gordo-pozira-so-stoma-po-otstranuvanjeto-na-debeloto-crevo-ovaa-kjesa-zhivot-znachi-01_copy.jpg

Британката Луиз Томпсон (34) е позната во Британија како ѕвезда на реалното шоу Made In Chelsea, а таа откри дека неодамна ѝ била вградена стома, односно, отсега па натаму, таа постојано ќе мора да носи сива ќеса на стомакот која треба да го замени нејзиното дебело црево.

Луиз во минатото отворено зборуваше за нејзината борба со автоимуната болест лупус, како и со проблемите со дигестивниот тракт, попознати како улцеративен колитис.

poznata-britanka-34-gordo-pozira-so-stoma-po-otstranuvanjeto-na-debeloto-crevo-ovaa-kjesa-zhivot-znachi-02.jpg

Оваа хронична состојба резултира со појава на воспаление и улцери (чирови) на дебелото црево и ректумот. Често се случува овие улцери да крвават и состојбата да биде болна.

Луиз подолг период се борела со оваа состојба, а сега откри дека имала операција за да ѝ се вгради стома, која ќе го замени дебелото црево.

poznata-britanka-34-gordo-pozira-so-stoma-po-otstranuvanjeto-na-debeloto-crevo-ovaa-kjesa-zhivot-znachi-03.jpg

Таа на Инстаграм објави кратко видео во кое ја покажа сивата ќеса на нејзиниот стомак, а во описот напиша:

„Како да соопштам вакви вести?

Не е нешто возбудливо како откривање пол на бебе!
Гледај ќе добијам момче!
Гледај имам стома!

Затоа само ќе стојам овде, гордо, со мојата нова пријателка - ќесата задник, која за мене значи живот, којшто се надевам дека ќе биде подобар во иднина.

Нели е малку бизарно што оваа мала сива торба е цената што морам да ја платам за подобро здравје?

Велам фала Боже што се отарасив од тоа расипано дебело црево!

Затоа ве молам бидете љубезни со мене“ – порача ријалити ѕвездата, која се потруди да ја нормализира употребата на вакви ќеси.

Инаку, стомата всушност претставува медицински засек кој се прави кога кај пациентот мора да биде отстранет дел од дебелото црево. На тој отвор се прикачува ќеса, која го собира изметот од телото.

Појавата е мошне честа, па и минатата година една Србинка гордо позираше со стомата во Грција со цел да ги разбие предрасудите.

Прочитајте и Србинка на плажа гордо ја покажа стомата на телото за да ги разбие предрасудите: „Ме зјапаат само нашинците“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
„Син ми тежи 14kg на 6 месеци – ме критикуваат дека му давам премногу храна, не го собира во количка... Кога жена го родила своето четврто бебе, тоа имало просечна тежина од околу 3,2 ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Меланија му ставала креми со кавијар кога бил дете, има свое богатство од 150 милиони долари - Како ... Барон никогаш не носел тренерки, дури ни како дете, туку од мал сакал да се обле...

Најчитани неделава