Познати личности чии деца починале

Сообраќајка, задушување, ретки болести, предозираност...Ова се само дел од причините за смртта на децата на овие светски ѕвезди.

poznati-lichnosti-chii-deca-pochinale-01.jpg

Без оглед на тоа што се богати, славни и познати низ целиот свет, болката предизвикана од загуба на дете е подеднакво силна и за нив, ги прави ранливи и на срцето остава лузни кои никогаш не зараснуваат. 

Овие 7 познати личности тоа го почувствувале на своја кожа:

Џон Траволта

Најстариот син на актерот Џон Траволта и неговата сопруг Кели Престон, 16-годишниот Џет, паднал во када додека се капел и ја повредил главата.

Веднаш бил пренесен во болница, но лекарите не успеале да му помогнат.

Мајк Тајсон

Четиригодишната ќерка на светскиот шампион во бокс во тешка категорија, Мајк Тајсон, во 2009 година починала од задушување откако кабел ѝ се заплеткал околу вратот на лента за трчање.

Принц

Во 1996 година синот на познатиот музичар, починал неколку недели по раѓањето, од ретка наследна болест - Фајфер синдром (болест која влијае на растот и обликот на коските).

Силвестер Сталоне

Во 2012 година синот на актерот Силвестер Сталоне, Сејџ Сталоне, починал од срцева болест предизвикана од артериосклероза, иако првичните извештаи сугерираа дека трагедијата била поврзана со злоупотреба на дрога.

Сejџ починал на 36-годишна возраст.

Џо Бајден

По завршувањето на студиите во 1966 година, актуелниот американски претседател ја запросил својата тогашна долгогодишна девојка Нејлија Хантер, а истата година ги добиле и синовите Бо и Хантер,  потоа и ќерката Наоми.

Нејлија му била голема поддршка на Бајден додека ја градел својата политичка кариера.

Нивната среќа била прекината од сообраќајната несреќа која се случила во 1972 година, една недела пред Божиќ, кога Нејлија и нејзините три деца се враќале од пазарење со автомобил, а на нив налетал камион.

Нејлија и ќерката загинале на местото на несреќата, додека двајцата синови се здобиле со тешки телесни повреди.

Во 2015 година, на 47-годишна возраст починал и нивниот син Бо од тумор на мозокот.

poznati-lichnosti-chii-deca-pochinale-02_copy.jpgфото: Abc news

Пирс Броснан

Познатиот актер многупати во јавност има истакнато дека неговата сопруга Кили Шеј Смит го има спасено од депресија после двете големи трагедии кои ги доживеал.

Во 1991 година од рак починала неговата прва сопруга Касандра Харис, со која ги добил синот Шон и ќерката Шарлот. 

Шарлот починала во 2013 година на 42-годишна возраст од рак на јајници, исто како и нејзината мајка.

Д-р Дре

Андре Јанг, син на славниот рапер Д-р Дре, починал на 23 август 2008 година, на 20-годишна возрат откако се предозирал со морфиум и хероин.

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
„Син ми е бодибилдер на 14 години и држи строга диета – ме критикуваат, но јас сум горда“ Мајка на 14-годишен бодибилдер се соочува со критики бидејќи го охрабрува син ѝ ...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...

Најчитани неделава