„Сопругот ме запроси со прстенот што го купил за бившата свршеница“ – Жена ја споделува својата бизарна приказна

„Зошто ти кажал дека прстенот бил наменет за бившата? Да не сакал намерно да те повреди?“ – прашуваат следбениците на жена од САД, која раскажа како дознала дека прстенот со кој сопругот ја запросил, припаѓал на неговата поранешна свршеница, па дури и таа го дизајнирала.

soprugot-me-zaprosi-so-prstenot-shto-go-kupil-za-bivshata-svrshenica-zhena-stana-hit-zaradi-bizarnata-prikazna-01.jpg

Како би се чувствувале кога би дознале дека вашиот сопруг ве запросил со прстенот што првично бил наменет за друга жена?

Бела Блејк од Тенеси, САД, привлече огромно внимание на социјалните медиуми откако ја раскажа бизарната приказна за тоа како дознала дека сопругот ја запросил со прстенот што го купил за поранешната свршеница.

Нејзиното видео на ТикТок има милионски прегледи, а во него таа раскажува дека се чувствувала мошне повредено кога дознала дека свршеничкиот прстен што гордо го покажува, не бил наменет за неа.

„Си дојдов дома и зборував за тоа колку ми се допаѓа прстенот...

Навистина ми се допаѓа, прекрасен е... На што сопругот ми рече: ‘Да? И на Ерика ѝ се допаѓаше’“.

soprugot-me-zaprosi-so-prstenot-shto-go-kupil-za-bivshata-svrshenica-zhena-stana-hit-zaradi-bizarnata-prikazna-02.jpg

Жената раскажува како останала целосно збунета и вчудоневидена откако сопругот ѝ признал дека со истиот прстен ја запросил жената Ерика со којашто бил свршен една година.

Тој дури и ѝ објаснил дека прстенот не го избрал сам, туку со неговата поранешна свршеница заедно биле во златарница и им направиле прстен по нарачка.

„Ми се допаѓа, прекрасен е, но тоа не е мојот прстен и не е прстенот што јас би го избрала за себе“ – вели таа и додава дека нејзиниот поранешен сопруг одбил да ѝ го купи прстенот што таа го сакала затоа што бил скап, па го рециклирал прстенот со два дијаманти од бившата свршеница.

soprugot-me-zaprosi-so-prstenot-shto-go-kupil-za-bivshata-svrshenica-zhena-stana-hit-zaradi-bizarnata-prikazna-03.jpg

Нејзиното видео собра огромен број коментари и речиси сите се сложни дека тој немало потреба да признае дека прстенот припаѓал на друга жена.

Други, пак, велат дека треба да го продаде и со него да си плати адвокат за развод.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
Го остави сопругот милијардер бидејќи се дружеше со педофил: Каде е денес Мелинда Гејтс? Мелинда Гејтс има релативно скромно потекло и самата успеа за изгради име за себ...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...

Најчитани неделава