Француско село каде сите жители имаат Алцхајмерова болест - како им изгледа животот?

Селото Ланде е експеримент за да се види дали отстранувањето на стресот кај личностите со Алцхајмерова болест, може да помогне за да се забави прогресијата на болеста.

francusko-selo-kade-site-zhiteli-imaat-alchajmerova-bolest-kako-im-izgleda-zhivotot-01.jpg

Во југозападна Франција постои уникатно село каде што сите жители страдаат од деменција.

Во селото Ланде, за во продавницата не се потребни пари, така што никој не мора да се сети дека со себе треба да го понесе својот паричник.

vo-ova-francusko-selo-site-zhiteli-se-so-alchajmerova-bolest-05.jpg

Покрај продавницата и ресторанот, тамошните жители имаат можност да посетуваат театар и да учествуваат во забавни активности.

Идејата е на жителите да им се даде што е можно поголема слобода.

vo-ova-francusko-selo-site-zhiteli-se-so-alchajmerova-bolest-02.jpg

Селото Ланде е всушност експеримент, за да се види дали отстранувањето на стресот кај личностите со Алцхајмерова болест, може да помогне за да се забави нејзината прогресија.

Експериментот е предводен од тим истражувачи од Универзитетот во Бордо, на чело со професорката Хелен Амиева, која ги посетува жителите на секои шест месеци за да разговара со нив и да следи дали болеста напреднала.

vo-ova-francusko-selo-site-zhiteli-se-so-alchajmerova-bolest-04.jpg

Според професорката Амиева, семејствата чувствуваат помалку вина знаејќи дека нивните блиски живеат во тоа село и дека стручни лица се грижат одлично за нив. 

„Она што го порано го гледавме кога луѓето влегуваа во институциите, беше забрзан когнитивен пад, а овде тоа не е забележано.

Имаме неколку причини да веруваме дека ’институциите‘ од ваков вид може да влијаат на движењето на клиничките резултати“, вели таа.

vo-ova-francusko-selo-site-zhiteli-se-so-alchajmerova-bolest-03.jpg

Жителите плаќаат годишен надомест од 28.000 евра, во споредба со околу 20.000 евра за поконвенционален дом за стари лица.

Сепак, и регионалната француска влада одвоила средства за ова село, во кое живеат околу 120 жители, но и исто толку здравствени работници и волонтери.

М. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Градска девојка пронајде среќа во животот на село - живее на фарма со сопругот, се породи со 9-тото ... Некогаш балерина и мисица, денес жена што меси леб, молзи крави и е посветена ма...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
Светскиот диџеј Махмут Орхан пушташе музика во родното село во Турција – дели сарми, ги прегрнува ро... Иако е светски познат диџеј, не заборава од каде му се корените – Махмут Орхан п...
Се лекувал со индуцирана кома: Каде исчезна познатиот психолог, кој има болест што е наречена „најст... Психологот Џордан Питерсон, кој е меѓу еден од најпродаваните автори од поново в...
„Лажев дека сум болна од рак – не беше за лајкови и популарност, но сега имам милиони следбеници“ Инфлуенсерка од Англија со над 3 милиони следбеници на ТикТок се соочува со oстр...
Мрачната вистина за девојките на кои милионерите им плаќаат да бидат дел од нивните забави на јахти „Другарка ми возбудено ми рече: „Сè што треба да направиме е да разговараме со г...

Најчитани неделава