Вирално видео: Неуспешно запросување во Париз - девојка го одби дечкото и избега со трчање

Она што момчето очекува да биде еден од најубавите моменти во неговиот живот, се претвора во вистински кошмар, откако девојката која ја бара за сопруга почнува да бега со трчање.

viralno-video-neuspeshno-zaprosuvanje-vo-pariz-devojka-go-odbi-dechkoto-i-izbega-so-trchanje-01.jpg

Идејата за романтично запросување во Париз, на една од најубавите локации во градот, стана вистински кошмар за еден пар.

Видеото од неуспешното запросување на Монмартр, за кратко време стана вирално.

На ТикТок деновиве се споделува видео од момче кое клекнува на колено пред својата девојка пред катедралата Sacré-Cœur на Монмартр во Париз.

Тој е дотеран во црвен костум и на романтичната локација вади прстен за да ја побара за сопруга својата девојка, додека случајните минувачи го снимаат запросувањето.

viralno-video-neuspeshno-zaprosuvanje-vo-pariz-devojka-go-odbi-dechkoto-i-izbega-so-trchanje-02.jpg

Но, она што момчето очекува да биде еден од најубавите моменти во неговиот живот, се претвора во вистински кошмар, откако девојката почнува да трча по скалите и да бега низ толпата.

Таа е очигледно вознемирена, бидејќи се забележува дека почнува да плаче и си ја покрива устата со раката.

Момчето, пак, во неверување, станува, а потоа клекнува на земјата, и почнува и тој да плаче.

И додека едни не знаат како да реагираат, неколкумина луѓе близу него го прегрнуваат и го тешат.

Погледнете го видеото кое има преку 16,7 милиони прегледи на ТикТок:

https://www.tiktok.com/@barstoolsports/video/7385333557041843498

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 трогателни сцени од животот во Мумбаj (кои ежат и допираат до срце) Деца со боси ноџиња среде монсунска бура, татковци кои од петни жили се борат за...
„Се преселив во Дубаи, но што не ми се допаѓа од животот тука?“ Елби Хеншо од Велика Британија открива дека луксузниот град не е само забава и г...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Вирално видео: Жена во Турција „за влакно“ ќе беше удрена од трамвај, маж од обезбедување ја спасува На камера е уловен моментот кога жена тргнува по шините за трамвај, а маж од обе...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
„Со бившиот сопруг освоиме 2 милиони евра на лото – заглавивме во долгови, ги плаќавме 10 години“ Лара од Англија и поранешниот сопруг освоиле околу 2 милиони евра на лотарија. Н...

Најчитани неделава