Ист како татко му: Објавен нов црно-бел портрет на принцот Џорџ за неговиот 11-ти роденден, направен од Кејт

„Кога порасна толку брзо?“ - прашуваат луѓето на социјалните мрежи, откако Кејт и Вилијам го објавија новиот портрет на принцот Џорџ по повод неговиот 11-ти роденден. Идниот крал на Обединетото Кралство годинава го заврши основното образование, а инстаграмџиите се шегуваат дека е подготвен за Хогвортс.

idniot-kral-objaven-nov-crno-bel-portret-na-princot-djordj-za-negoviot-11-ti-rodenden-napraven-od-kejt-01.jpg

Најстариот син на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, принцот Џорџ, денес го слави својот 11-ти роденден, а по тој повод, традиционално, на профилите на социјалните мрежи беше објавен нов портрет направен од мајка му.

На новиот портрет, младиот Џорџ е облечен во црн костум, без вратоврска, и речиси никому не може да му се верува колку многу е пораснат и колку наликува на неговиот татко.

„Му посакуваме на принцот Џорџ многу среќен 11-ти роденден денес“ – стои до фотографијата.

idniot-kral-objaven-nov-crno-bel-portret-na-princot-djordj-za-negoviot-11-ti-rodenden-napraven-od-kejt-03.jpg

„Долго ја очекувавме оваа фотографија“;

„Изгледа дека е подготвен за Хогвортс“;

„Кога порасна толку брзо. Тој е прекрасен џентлмен“ – стои во дел од коментарите.

Инаку, Џорџ годинава го заврши основното и од септември треба да го продолжи средното образование.

Ова беа навистина тешки неколку месеци за младиот Џорџ, откако во јавноста беше објавено дека неговата мајка Кејт боледува од рак, а тој имаше неколку важни појавувања во изминатите месеци.

Се појави на роденденот на неговиот дедо кралот Чарлс, а отпатува и во Германија, за заедно со татко му Вилијам да го проследи финалниот меч од Европското првенство во фудбал помеѓу Англија и Шпанија.

idniot-kral-objaven-nov-crno-bel-portret-na-princot-djordj-za-negoviot-11-ti-rodenden-napraven-od-kejt-02.jpg

Особено внимание привлекоа фотките на кои тој ги повторува движењата на татко му за време на натпреварот.

Прочитајте и Хари ќе му биде замена додека да порасне: Што ако принцот Џорџ стане крал пред да наполни 18?

Погледнете дел од фотките на кои Џорџ и татко му се уловени во исти движења:

idniot-kral-objaven-nov-crno-bel-portret-na-princot-djordj-za-negoviot-11-ti-rodenden-napraven-od-kejt-05.jpg

idniot-kral-objaven-nov-crno-bel-portret-na-princot-djordj-za-negoviot-11-ti-rodenden-napraven-od-kejt-06.jpg

idniot-kral-objaven-nov-crno-bel-portret-na-princot-djordj-za-negoviot-11-ti-rodenden-napraven-od-kejt-07.jpg

idniot-kral-objaven-nov-crno-bel-portret-na-princot-djordj-za-negoviot-11-ti-rodenden-napraven-od-kejt-08.jpg

idniot-kral-objaven-nov-crno-bel-portret-na-princot-djordj-za-negoviot-11-ti-rodenden-napraven-od-kejt-04.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Принцот Џорџ е пораснат дечко покрај мама Кејт Мидлтон на Вимблдон – во одело и кравата како вистинс... Кејт Мидлтон отмена и елегантна како секогаш, воодушеви заедно со пораснатиот си...
Кој е новиот министер за здравство на Унгарија, што ја освои јавноста со победничкиот танц? (видео) Новиот министер за здравство на Унгарија, д-р Жолт Хегедуш, првпат ги покажа тан...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Синот на Доналд Трамп на чуден начин објави дека се свршил – татко му ја тапна по рамо девојката за ... Синот на Доналд Трамп од бракот со Ивана, со чуден и непријатен говор во Белата ...
Кејт Мидлтон со круна на принцезата Дијана, Доналд и Меланија главни гости: Како помина раскошниот б... Во замокот Виндзор се одржа државен банкет во чест на американскиот претседател ...
Принцот Ендру е уапсен на неговиот 66-ти роденден поради случајот со Џефри Епстин - наводно издавал ... Денес (19.02) братот на кралот Чарлс беше уапсен поради сомнеж за злоупотреба на...

Најчитани неделава