Пепел по улиците и дворовите на Сицилија, откажани летови - Фотки и видеа од ерупцијата на Етна

Летово вулканот Етна еруптира неколкупати, а по последната ерупција, локалците почнаа да споделуваат фотки и видеа од нивните дворови кои се покриени со пепел. Етна е речиси постојано активен, но и покрај тоа, скоро никогаш не предизвикува штета.

pepel-po-ulicite-i-vo-dvorovite-otkazhani-letovi-fotki-i-videa-od-erupcijata-na-etna-vo-italija01.jpg

Во неделата (04.08) во Италија била забележана активност на вулканот Етна, по што следела и ерупција.

Највисокиот вулкан во Европа, кој важи и за еден од најактивните во светот, претходно еруптира во јули, а како тогаш, и овој пат предизвика (мал) хаос поради чадот и пепелта.

Ерупциите на Етна не се реткост и, за среќа, скоро никогаш нема жртви.

Но сепак, густиот чад што излегува од вулканот, заедно со пепелта, ја намалија видливоста, па летови од аеродромот во близина беа одложени.

Експертите забележале зголемена активност на вулканот ова лето, а од јули неколкупати исфрлал лава и пепел.

Летовите на аеродромот, пак, неколкупати беа одложувани поради ова.

Од ерупцијата не е предизвикана штета, но на некои места бил закочен и сообраќајот поради лава.

Како што веќе спомнавме, иако Етна е речиси постојано активен, смртните случаи се вистинска реткост.

Единствено во 1980-тите, двајца туристи загинаа откако вулканот ненадејно еруптирал додека тие биле во близина на врвот.

На Твитер веќе се споделуваат фотки и видеа од ерупцијата, а на дел од нив се гледа дека околните улици и дворови се прекриени со дебел слој пепел.

Дел од објавите во продолжение:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фотки од последното летување на принцезата Дијана – далеку од кралските правила, ужива во ретки моме... Стилска, безгрижна и совршена без разлика дали е во костим за капење или облека ...
Абортирала поради него, ја терал да спие со Ерос Рамацоти за да направи еротски фотки - Бурната љубо... Поранешниот сопруг, познат и како „крал на папараците“ во Италија, продавал нејз...
На 19 години зборува над 5 јазици, ќе го изгуби престолот ако добие брат: Која е Леонор, идната крал... Постарата ќерка на кралот Фелипе и кралицата Летиција од Шпанија веќе активно се...
Ќерка на ирански тајкун троши повеќе од 500.000 евра месечно - Се фали на Инстаграм со „парите на та... „Добивам многу негативни реакции од луѓе кои ме задеваат дека трошам ‘пари од та...
„Јас сум експерт за интимни односи и сум спиела со повеќе од 400 клиенти - Како изгледа мојата работ... „Мојот прв клиент беше неверојатна личност која цел живот се чувствувала многу с...
Потресни сведоштва од преживеаните во пожарот во Хонгконг: „Гледав фотографии од загинати за да си г... „Мислев дека е мал пожар, дека ќе го изгаснат. Но, целиот комплекс пламна. Одев ...

Најчитани неделава