10 најубавите припаднички на кралските семејства, според изборот на народот

За многумина Кејт Мидлтон е најубавата жена во кралските семејства, но таа е на второто место, а кралицата Летиција воопшто не е на листата. Која е најубавата припадничка на кралските семејства, според изборот на народот?

10-najubavite-pripadnichki-na-kralskite-semejstva-spored-izborot-na-narodotr-01.jpg

Кралските семејства, помалку или повеќе, се изложени на очите на јавноста и за нив се зборува и се знае многу.

Секако, најпознатото кралско семејство е британското, но подеднакво актуелни и познати се и кралските семејства на Монако, Данска, Шпанија и Јордан.

Сепак, некои од овие кралски жени, кои ни се омилени, не се најдоа на листата „најубави“ која ја направи ranker.com, а во која анкета гласаше - народот.

На првото место, на изненадување на многумина не е Кејт Мидлтон, туку принцезата на Саудиска Арабија.

Кои се 10-те најубави припаднички на кралските семејства?

Број 1 - Амира Ал-Тавил

41-годишната принцеза е родена во Ријад, Саудиска Арабија.

Таа зад себе има пропаднат брак, но во јавноста е најпозната по својата хуманитарна работа и заштитата на правата на жените.

10-najubavite-pripadnichki-na-kralskite-semejstva-spored-izborot-na-narodot-12.jpg

Број 2 - Кејт Мидлтон

Принцезата од Велс за многумина е синоним за кралска убавина - одмерена, пријатна и секогаш позитивна.

Нејзината борба со ракот ја направи уште поомилена меѓу народот.

10-najubavite-pripadnichki-na-kralskite-semejstva-spored-izborot-na-narodot-10.jpg

Број 3 - Принцезата Дајана

Лејди Ди, која загина во сообраќајна несреќа во 1997 година и денес се наоѓа на листата најубави жени од кралските семејства.

Причината за ова е нејзината грациозност и насмевката со која пленеше.

10-najubavite-pripadnichki-na-kralskite-semejstva-spored-izborot-na-narodot-06.jpg

Број 4 - Лиза Наџиб Халаби

Позната е како кралицата Нур од Јордан, а родена е во Вашингтон, САД.

Таа е четврта сопруга на кралот Хусеин од Јордан и целиот свој кралски живот се занимава со хуманитарна работа од областа на образованието и здравството, како и правата на жените.

10-najubavite-pripadnichki-na-kralskite-semejstva-spored-izborot-na-narodot-09.jpg

Број 5 - Јасмин Пахлави

Поранешната принцеза на Иран, својот живот го посвети на одбрана на човековите права.

Поранешната активистка пред неколку години се бореше со рак на градите, но ја победи болеста.

10-najubavite-pripadnichki-na-kralskite-semejstva-spored-izborot-na-narodot-08.jpg

Број 6 - Кетрин Оксенберг

Една од наследничките на југословенската династија Караѓорѓевик, наместо на кралските активности се посвети на глумата.

Се прослави со улогата на Аманда Карингтон во сапуницата Dynasty, но потоа не забележа ниедна поголема улога.

10-najubavite-pripadnichki-na-kralskite-semejstva-spored-izborot-na-narodot-04.jpg

Број 7 - Принцезата Каролина од Монако

Најстарата ќерка на Грејс Кели и принцот Рение, со години е вклучена во филантропски организации и е дел од високото друштво на Европа.

Од младоста важи за една од најубавите кралски жени, а таа титула не ја напушта ни денес, на 67 години.

10-najubavite-pripadnichki-na-kralskite-semejstva-spored-izborot-na-narodot-11.jpg

Број 8 - Принцезата Марта Луиз

Норвешката принцеза е позната по својата хуманитарна работа, а најмногу е посветена на децата со посебни потреби.

Таа се откажа од кралската титула во 2002 година, но останува активен член на норвешкото кралско семејство.

10-najubavite-pripadnichki-na-kralskite-semejstva-spored-izborot-na-narodot-05.jpg

Број 9 - Мете Мерит

Престолонаследничката на Норвешка е, всушност сопруга на идниот норвешки крал, Хакон.

Мете Мерит се занимава со хуманитарна работа, а нејзиниот фокус се лицата болни од сида.

10-najubavite-pripadnichki-na-kralskite-semejstva-spored-izborot-na-narodot-07.jpg

Број 10 - Лејди Габриела Виндзор

Иако не е често во очите на јавноста, Габрирела Виндзор важи за една од најубавите жени во британското кралско семејство.

Таа е ќерка на принцот Мајкл од Кент, а во јавноста е позната и како писателка, но и бренд амбасадор за Латинска Америка.

10-najubavite-pripadnichki-na-kralskite-semejstva-spored-izborot-na-narodot-03.jpg

 А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена (50) од Велика Британија за тајната на бракот со 31-годишниот сопруг: „Клучот е силното либидо“ По 4 години брак, Каролин Станбери (50) ужива во интимноста со поранешниот фудба...
Позитива на денот: Полицајци чуваат детенце накиснато од дожд, за мајката доставувач да ја направи и... „Врне силно, а јас морам да доставам храна. Може ли да го оставам син ми тука на...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Љубовта на норвешкиот фудбалер Халанд - на девојката фудбалерка ѝ купи чанта од 380.000 евра, растел... Тие се моќно модно дуо, а нивната љубовна приказна е уникатна – се познаваат од ...
Родена во куќа од кал, уапсена е за наркотици, а сега е најмоќната жена на светот: Која е првата дам... Силија Флорес не е претседател на Венецуела, не седи на официјалната фотелја на ...

Најчитани неделава