Емотивно до солзи: Болна мајка присуствува на свадбата на ќерката, ден пред да почине

„На 19-ти август ја направивме свадбата, а мајка ми почина на 20-ти...“ – цело семејство помогнало за набрзина да се организира свадбата и болната мајка на невестата да може да присуствува во последните денови од животот. Видео приказна која ја крши душата.

emotivno-do-solzi-site-se-organizirale-za-bolnata-majka-na-nevestata-da-bide-na-svadba-pochinala-2-dena-potoa-01.jpg

На Инстаграм профилот „Good News Movement“ објавија емотивно свадбено видео, чија приказна нема никого да остави рамнодушен.  

На видеото се гледаат младоженци кои се венчаат на плажа, а потоа невестата оди и ја прегрнува со солзи нејзината мајка во инвалидска количка.

emotivno-do-solzi-site-se-organizirale-za-bolnata-majka-na-nevestata-da-bide-na-svadba-pochinala-2-dena-potoa-02.jpg

Приказната зад оваа емотивна сцена, е тоа што мајката на невестата во тој момент ги живее последните денови од битката со ракот.

Таа била нереспонсивна во поголем дел од денот, но се разбудила за овој посебен момент.

Свадбата била организирана набрзина, со помош на двете семејства, најблиските, но и рандом луѓе, со цел мајката да ја види својата ќерка како невеста, а веќе следниот ден, за жал починала.

„Мојот сопруг побара дозвола на 16-ти август (петок), долета кај нас на 17-ти (тој е маринец и е стациониран далеку од нас), неговото семејство пристигна на 18-ти.

Тогаш тој ме запроси официјално и свадбата беше во понеделник наутро. На 20-ти, таа почина...

emotivno-do-solzi-site-se-organizirale-za-bolnata-majka-na-nevestata-da-bide-na-svadba-pochinala-2-dena-potoa--04.jpg

Морам да додадам и дека ја објавив онлајн мојата ситуација, бидејќи ми требаше фустан.

Имаше најмалку 100 луѓе кои коментираа и ми пишаа дека ќе ми го донираат нивниот фустан и дека би помогнале на нашата церемонија со фотографирање на настанот, планирање на свадбата и слично“ - изјавила невестата за The Good News Movement. 

Погледнете го емотивното видео:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Станав полицаец откако очувот ја уби мајка ми – сега им помагам на жртви на семејно насилство“ „Беше чудно кога гледав како очувот го изнесува полиција бидејќи ја удрил мајка ...
Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
Се огласи девојката која беше најдена со скршени раце и нозе во Дубаи: „Ме нападнаа богаташи, ми се ... „Во собата имаше алкохол и дрога и ме тераа да им се придружам. Им реков дека не...
Мајка-херој од Англија загинала за да ја спаси 5-годишната ќерка – гранка од дрво паднала врз неа до... Мајка од Англија шетала во парк со својата ќерка, кога се откршила гранка од дрв...
Мајка од Русија поради бизарен ТикТок предизвик падна и си го повреди ‘рбетот, 2 месеци по породувањ... 32-годишната Русинка балансира качена на врвот од кутија со бебешко млеко, поста...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...

Најчитани неделава