„Свршеникот ме изневери пред свадбата, па си направив забава за да ја прославам слободата“

Линдзи Слејтер (31) од Велика Британија доживеала непријатно изненадување по 12 години љубов, но тоа не ја спречило и да прослави и да го искористи аранжманот за меден месец.

svrshenikot-me-izneveri-pred-svadbata-pa-si-napraviv-zabava-za-da-ja-proslavam-slobodata-01.jpg

Линдзи Слејтер (31) од Велика Британија 6 седмици пред свадбата дознала дека свршеникот ја изневерува, па наместо да ја откаже свадбената церемонија, во која вложила многу пари, време и нерви, одлучила да ја одржи забавата, но овојпат наместо стапувањето во брак да си ја прослави слободата.

Со 70 членови на семејството и пријатели, како и венчаница од 1.400 евра Линдзи славела цела ноќ.

svrshenikot-me-izneveri-pred-svadbata-pa-si-napraviv-zabava-za-da-ja-proslavam-slobodata-04.jpg

Интересно е што не дозволила да ѝ пропадне ниту медениот месец, па на уплатеното патување на грчкиот остров Крит отишла со свој пријател.

Линдзи со партнерот била заедно 12 години и вели дека, како таа, така и сите други биле шокирани од неговото однесување.

svrshenikot-me-izneveri-pred-svadbata-pa-si-napraviv-zabava-za-da-ja-proslavam-slobodata-02.jpg

„За среќа, бев опкружена со многу љубов по неговото неверство и семејството и пријателите ме потсетија дека тој не ми е потребен за да бидам среќна.

Па, така одлучив денот на кој требаше да биде свадбата да го славам, наместо да плачам дома“, изјави таа за магазинот „Sun“.

svrshenikot-me-izneveri-pred-svadbata-pa-si-napraviv-zabava-za-da-ja-proslavam-slobodata-03.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Свршеникот ми почина додека ја планиравме свадбата - отидов сама на нашиот меден месец во негова че... „Сè уште чувствувам дека е покрај мене. Бев со него кога почина и никогаш не си ...
Хари и Меган зад кралските завеси – таа храбро објави невидени кадри од свадбата, страсни бакнежи и ... За 8-та годишнина, Меган и Хари не се кријат, напротив, таа храбро објави невиде...
„Имав огромно чело, ме исмеваа на училиште и затоа си направив операција“ „Чувствувам дека конечно можам слободно да прошетам по улица, без да се плашам д...
Камила ја презирала Кејт Мидлтон – сметала дека е многу „обична“ за Вилијам, ја понижила пред свадба... „Камила цврсто стоеше на ставот дека идниот крал на Англија треба да се венча со...
Ралф Шумахер ќе се венча со помладиот дечко - свадба во Франција, бившата која правеше драми сега ја... 19 месеци откако откри дека е во геј врска, и по бројни јавни обвинувања со пора...
Синот на Трамп меѓу гостите, настапи на Џеј Ло и Тиесто: Детали за една од најскапите индиски свадби Ќерката на милијардер од Индија викендов стапи во брак. Прославија со тридневна ...

Најчитани неделава